Единиците на либиската Влада убија двајца водечки команданти на Халифа Хафтар

Воените единици на Владата на национално единство на Либија убија двајца водечки команданти на лидерот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата Халифа Хафтар

1386979
Единиците на либиската Влада убија двајца водечки команданти на Халифа Хафтар

Воените единици на Владата на национално единство на Либија убија двајца водечки команданти на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата. 

Портпаролот на воените единици на Владата на национално единство на Либија Мухамед Кунуну во објавеното писмено соопштение истакна дека во реализирана операција во областа Вешка се убиени генерал мајор Салим Дирјак, командантот на штабот во Сирте лојален на лидерот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата Халифа Хафтар и неговиот заменик Гадафи ес-Садаи, командантот на 110. баталјон. 

Кунуну наведе дека за време на вооружените судири се неутрализирани уште 8 припадници на милициските сили на Хафтар и рече дека освен тоа во областа Каср бин Гашир е погодена и една зграда во која се наоѓале руски платени војници.

Кунуну исто така информира дека во реализираните операции се доведени во неупотреблива состојба и голем број воени возила. 



Слични вести