Бројот на починатите од коронавирусот во Италија се зголеми на над 10 илјади лица

Во последните 24 часа во Италија починаа уште 889 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 10.023 лица, додека бројот на случаите на заразени од вирусот на 70.065

1386851
Бројот на починатите од коронавирусот во Италија се зголеми на над 10 илјади лица
Korona İspanya.jpg
fransa koronavirus coronavirus bos sokaklar.jpg
italya koronavirus.jpg
Arnavutluk korona_uçuş yasağı.jpg
Korona İngiltere 3.jpg

Бројот на заразените лица од новиот тип коронавирус кој се појави во градот Вухан во киенската провинција Хубеј и оттаму за кусо време со голема брзина го зафати целиот свет изнесува над 600 илјади лица, додека животот го загубија повеќе од 30 илјади лица.

Најголем број смртните случаи од новиот тип коорнавирус (Ковид-9) има во Италија со над 10 илјади починати. Во последните 24 часа во земјата починаа уште 889 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 10.023 лица, додека бројот на случаите на заразени од вирусот се искачи на 70.065. Кога на оваа бројка ќе се додадат и починатите и излекуваните вкупната бројка на заразените лица од Ковид-19 во Италија досега изнесува 92.472 лица.

Според вестите објавени во италијанскиот печат, ќе бидат продолжени ригорозните мерки на карантин во земјата. 

Италијанскиот премиер Џузепе Конте соопшти дека во борбата против епидемијата на Ковид-19 ќе им се достави финансиска помош на локалните власти и на лицата, поединци, кои имаат потреба од помош. Италијанскиот заменик министер за здравство Пиерпаоло Силери истакна дека во рок од 7 до 10 дена очекуваат да се согледаат сериозни опаѓања во бројот на случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Шпанија се зголеми на 6.528 лица, а на утврдените случаи на зараза на 73.235.

Во Франција бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 2.314 лица, од вкупно 37.575 дијагностицирани пациенти кои се наоѓаат на лекување 4.273 лица се наоѓаат на интензивна нега, додека бројот на лицата кои се излекувани изнесува 6.624 лица.

Францускиот премиер Едуард Филип, во врска со епидемијата на новиот тип коорнавирус (Ковид-19) го рече следното: „Борбата тек започнува. Првите 15 дена на месец април ќе поминат потешко од изминатите 15 дена.“ Велејќи дека вирусот се шири брзо во земјата и дека бројот на случаите на зараза за секои 3 до 4 дена се зголемуваат двократно, Филип истакна дека ќе бидат поканети во земјата и лекари кои дипломирале на медицинските факултети надвор од земјите членки на Европската унија (ЕУ). Францускиот министер за здравство Оливие Веран пак, рече дека е зголемено производството поради недостатокот од заштитни маски за здравствениот персонал и информира дека се порачани и повеќе од една милијарда маски.

Во Германија од новиот тип коронавирус досега починаа 433 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува 57.695.

Бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Холандија, со смртта на уште 132 лица во последните 24 часа се зголеми на 771 лице, а на случаите на зараза на 10.866 лица. Меѓу починатите од коронавирусот кој се појави во оваа земја на 27 февруари, досега се наоѓаат и 14 Турци. 

Во меѓувреме, претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен истакна дека поради тоа што на почетокот на кризата со Ковид-19 земјите членки на Европската унија (ЕУ) постапуваа еднострано Унијата остана во како што рече „празнина“ и напомена дека Европската унија имаше шанса  да се открие наново себе си во оваа криза. Фон дер Лејен во дадената изјава за германската новинска агенција „ДПА“ исто така упати повик за поголема солидарност во Унијата.

Во Велика Британија со смртта од коронавирусот на уште 209 лица во последните 24 часа, билансот на починатите во земјата се искачи на 1.228, а на случаите на зараза на 17.089 лица.

Министерството за здравство на Република Северна Македонија го потврди 4-от смртен случај од последиците на коронавирусот (Ковид-19).

„Утрово почина една пациентка на 66-годишна возраст од околината на Струга. Таа и нејзиниот сопруг се дијагностицирани позитивни на коронавирус во текот на вчерашниот ден. Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Од друга страна бројот на смртните случаи во некои други земји е вака: Во Белгија има 353 починати, во Швајцарија 264, Бразил 114, Шведска 105, Португалија 100, Австрија 68, Филипините 68, Данска 65, Канада 60, Романија 37, Ирска 36, Грција 32, Норвешка 23, Аргентина 19, Полска 18, Луксембург 18, Австралија 16, Перу 16, Мексико 16, Унгарија 13, Србија 10,  Албанија 10, Словенија 9, Литванија 7, Бугарија 7, Босна и Херцеговина 6 и во Хрватска починаа 5 лица. 

Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа уште 480 лица, со што билансот на човечките загуби во земјата се зголеми на 2.191 лице, а се регистрирани 123.776 случаи на зараза. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) би можела да се донесе одлука за спроведување на задолжителен карантин во сојузните држави Њујорк, Њу Џерси и Конектикат кадешто се регистрирани најголем број смртни случаи и заразени од коронавирусот. Издадено е предупредување за жителите во 3 сојузни држави да избегнуваат од сите внатрешни патувања коишто не се задолжителни во текот на 14 дена. Во Лос Анџелес во САД го загуби животот еден млад кој се обратил до здравствениот центар со симптоми на Ковид-19, но поради тоа што немал здравствено осигурување бил вратен назад. Обединетите нации (ОН) ќе им достават помош од 250 илјади заштитни маски на здравствените работници во Њујорк, кој е во положба на епицентар на епидемијата на новиот тип коронавирус.

Во меѓувреме, во Њујорк прелиминарните избори за претседателските избори за 2020 година планирани за 28 април, поради епидемијата се одложени за месец јуни.

Излекувана е сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо кај која пред 2 недели беше утврден коронавирус. Софи Грегоар Трудо во објавата споделена на својот профил пеку социјалната медија истакна дека се чувствува многу подобро. Во Канада од Ковид-19 животот го загубија 60 лица, 5.655 се заразени од вирусот, а досега се излекувани 508 лица.

Во Нов Зеланд и во Уругвај се регистрирани првите смртни случаи од Ковид-19.



Слични вести