Во Нигерија убиени најмалку 100 терористи, членови на Боко Харам

Во реализирани операции од страна на армијата против терористичката организација Боко Харам во провинцијата Борно во источниот дел на Нигерија се убиени најмалку 100 терористи, членови на организацијата

1386621
Во Нигерија убиени најмалку 100 терористи, членови на Боко Харам

Во реализирани операции против терористичката организација Боко Харам во источниот дел на Нигерија се убиени најмалку 100 терористи, членови на организцаијата.

Шефот за воена обука и операција Окон Удох соопшти дека во реализирани операции од страна на армијата против терористичката организација Боко Харам во провинцијата Борно се убиени најмалку 100 терористи, членови на организацијата.

Удох информира дека во нападот којшто беше реализиран пред 4 дена од страна на Боко Харам врз војниците загинаа 29 војници, а беа ранети и 61 војник.

Од друга страна, според вестите објавени во нациналниот печат, од страна на засега неидентификувани лица беше реализиран напад врз патнички автобус на магистралниот пат Мина-Катсина во провинцијата Нигер.

Во нападот беа киднапирани 23 лица од кои 12 деца, а голем број лица беа рането.

Портпаролот на полицијата Васиу Абиодун, го потврди нападот и истакна дека во областа кадешто е реалзиран нападот се испратени безбедносни сили.

Абиодун информира дека е започната истрага во врска со нападот и дека вооружени лица од чија страна е реализиран нападот за ослободување на киднапираните лица побарале  откуп во износ од 40 милиони наира (приближно 103 илјади долари или 667 илјади турски лири).



Слични вести