Трамп разговараше телефонски со Џонсон кој е позитивен на Ковид-19 и му посака побрзо оздравување

Според објавеното соопштение од Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Борис Џонсон разговараа телефонски и притоа Трамп му посака побрзо оздравување на Џонсон од заразата од Ковид-19

1386594
Трамп разговараше телефонски со Џонсон кој е позитивен на Ковид-19 и му посака побрзо оздравување

Американскиот претседател Доналд Трамп оствари телефонски разговор со британскиот премиер Борис Џонсон кој беше пизитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и притоа му посака побрзо оздравување.

Според објавеното соопштение од Белата куќа,  американскиот претседател Доналд Трамп и  британскиот премиер Борис Џонсон водеа телефонски разговор.

Во разговорот, Трамп му се заблагодари на Џонсон за блиското пријателство и му посака побрзо оздравување од заразата од коронавирусот.

Двајцата лидери постигнаа согласност по прашањето на блиската соработка за извојување победа врз коронавирусот и за заживување на глобалната економија по пат на земјите на Г-7, земјите на Г-20 и другите меѓународни партнерства. 

Трамп и Џонсон воедно го повторија своето уверување дека САД и Велика Британија ќе излезат многу посилни од овој процес. 

Инаку британскиот премиер Борис Џонсон во видео пораката што ја објави вчера на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека во последните 24 часа почнал да покажува некои слаби симптоми по што се тестирал и дека е позитивен на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи дека е во самоизолација, Џонсон истакна дека отсега владините работи ќе ги води преку видеоконференција.



Слични вести