Шпанија остро ја критикуваше ЕУ

ЕУ на расцеп од аспект на економскиот одговор во борбата против коронавируст

1386554
Шпанија остро ја критикуваше ЕУ

Шпанија во својство на земја која по Италија најмногу е изложена на неповолното влијание на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) остро ја критикуваше ЕУ поради непреземањето заедничка борба и пружањето помош во борбата против Ковид-19.

По неусвојување на ниту една конкретна одлука во борбата против коронавирусот на Самитот на лидерите на 27 земји членки на ЕУ што се одржа со посредство на видеоконференција, вчера шпанскиот премиер Педро Санчез објави порака преку профилот на твитер.

Санчез во објавата рече:

„Се соочуваме со најлошата криза на нашата генерација. Иднината на европскиот проект е во опасност. За жал се соочуваме со избор меѓу координирана и цврста ЕУ од една страна индивидуализзмот. Ние сме длабоки Европеисти. Затоа наспроти оваа итна состојба бараме заеднички одговор и арантираме праведно закрепнување“.

Шпанија и Италија кои најмногу потападнаа под неповолното влијание на Ковид-19, на состанокот на ЕУ од останатите европски земји бараа „праведен, силен и координиран финансиски план“, додека наспроти информациите кои беа инфилтрирани во медиумите, Германија и Холандија биле против планот.

Шпанските медиуми во врска со случувањата го објавија насловот „ЕУ на расцеп од аспект на економскиот одговор во борбата против коронавируст“. Европските лидери имаат две недели за изнаоѓање решение на ова недоразбирање.



Слични вести