Бројот на туристите во светот ќе се намали за околу 30 отсто

Падот на бројот на меѓународните туристи поради Ковид-19 секако дека ќе се одрази и врз приходите од туризмот

1386629
Бројот на туристите во светот ќе се намали за околу 30 отсто

Според предвидувањата, бројот на турситите во севтот поради епидемијата од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) се очекува да се намали за околу 30 отсто.

Светската туристичка организација при Обединетите нации (СТООН) со седиште во Мадрид ја објави прогнозата дека поради новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот, бројот на меѓународните туристи во светот во 2020 година се очекува да опадне за околу 30 отсто.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на СТООН беше истакнато дека како последица на затворањето на границите на голем број земји и одложувањето на авионските летови поради Ковид-19, ограничувањето на патувањето никогаш не беше забрането како што е денес.

Падот на бројот на меѓународните туристи поради Ковид-19 секако дека ќе се одрази и врз приходите од туризмот.

Во споредба со 2019 година, во приходите од туризмот се очекува загуба од 300 до 450 милијарди долари.

Предвидената загуба од туристичките приходи изнесуваат скоро една третина од минатогодишните приходи кои изнесуваа околу 1,5 трилиони долари, што подразбира губење на вредноста на околу 7 годишниот раст на туризмот.

Во 2003 година како последица на епидемијата од САРС светскиот туризам доживеа пад од 0,4 отсто, во 2009 година како последица на глобалната економска криза околу 4 отсто, додека првите показатели од Ковид-19 најавуваат дека загубата ќе биде многу поголема.



Слични вести