Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 26 575

Бројот на оздравените пациенти во светот изнесува над 131 илјада

1386500
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 26 575

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 26 575, а на оздравените над 131 илјада пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Италија се зголеми за 969 и достигна 9 134,

Бројот на смртните случаи во Шпанија со најголем денев пораст од 769 лица се зголеми на 4858, додека на заразените со раст од 7 871 се големи на 64 059 пациенти. Левичарската коалициона влада на шпанија отпуштањето од работа   поради коронавирусот го забраи до завршувањето на здравствената криза.

Бројот на смртните случаи во Франција од Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 299 лица, додека бројот на заразените се зголеми на 32 064 пациенти. Ограниченото слободно движење на граѓаните продолжи уште две недели освен во неопходни случаи. Според новите мерки, граѓаните ќе можат да одат само на работа, да ги намират неопходните потреби, во итни случаи да одат до аптека или болница и да се движат на максимално оддалеченост од домовите на 1 км. Сите оние кои нема да се придржат на наведените правила ќе бидат казнети со парична казна од 150 долари.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот во последните 24 часа во Британија се зголеми за уште 181 и достигна 759, додека бројот на заразените изнесува 14 658 пациенти.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот во САД, каде што има дури 100 илјади заразени и се наоша на првото место, во последните 24 часа изнесува 1543. Само во Њујорк во последните 24 часа починаа 134 лица, додека бројот на заразените се зголеми за уште 7300 и изнесува 44 600 пациенти. Училиштата во Њујорк ќе бидат затворени до 15 април, а беше објавена потреба од 20 милиони маски од типот Н-95, 30 милиони нормални маски за операција, 30 илјади нови респираторни уреди, 45 милиони ракавици и 20 милиони лекарски мантили. Со цел да се спречи евентуалната опасност од недостиг не доктори во земјата поради коронавируост, САД се подготвуваат да издадат визи на странските здравсвени работници.

Според моменталните информации и податоци, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои земји е следен: Во Холандија 546, во Белгија 289, во Австрија 68, во Полска 16. Во Чешка 9, во Португалија 76, во Грција 28, во Србија 9, во Хрватска 3, во Словенија 9.



Слични вести