Вселенските сили на САД ја лансираа првата ракета која ги пренесува комуникациските сателити

Покрај епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), ракетата Атлас V на американските Вселенски сили заедно со сателитите тешки 6 168 кг беа лансирани во вселената

1386175
Вселенските сили на САД ја лансираа првата ракета која ги пренесува комуникациските сателити

Вселенските сили на САД кои беа формирани минатата година ја лансираа првата ракета која ги пренесува комуникациските сателити.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Американските Вселенски сили преку официјални профил на твитер беше истакнато дека ракетата која ги пренесуваше комуникационите сателити, беше лансирана од вселенската база Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида.

Шефот на Центарот за вселенски и ракетни системи во калифорнија, генералот Џон Томпсон рече дека и покрај епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), ракетата Атлас V на американските Вселенски сили заедно со сателитите тешки 6 168 кг беа лансирани во вселената.

Како што е познато, со ратификувањето на Законот за овластување на националната одбрана од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, како што е познат Буџетот за одбрана на САД за 2020, во декември 2019 година официјално беше формирана Команданата на вселенските сили на САД.



Слични вести