Во нападите на Асадовиот режим и Русија врз Идлиб во периодот 12 јануари-6 март загинаа 387 цивили

Во нападите на режимските сили на Бешар Асад и Русија врз подрачјето на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб во периодот од 12 јануари до 6 март, животот го загубија вкупно 387 цивили од кои 104 деца и 62 жени

1386402
Во нападите на Асадовиот режим и Русија врз Идлиб во периодот 12 јануари-6 март загинаа 387 цивили

Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека во реализираните напади од страна на режимските сили на Бешар Асад и Русија врз подрачјето на Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб во периодот од 12 јануари до 6 март, животот го загубија 387 цивили.

Мрежата го сумираше билансот од нападите на силите на Асадовиот режим и нивниот сојузник Русија во периодот помеѓу последните два потпишани договори за прекин на огнот коишто под посредништво на Турција и Русија беа применувани во периодот од 12 јануари до 6 март.

Според тоа, во реализираните напади во наведниот период животот го загубија вкупно 387 цивили од кои 104 деца и 62 жени.

Во нападите на режимските сили загинаа 174 цивили од кои 40 деца и 18 жени, а во нападите на Русија загинаа вкупно 213 цивили од кои 64 деца и 44 жени.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана на Турција на 10 јануари беше истакнато дека Турција и Русија постигнаа согласност почнувајќи од 12 јануари од 00:01 часот по полноќ да почне да се применува прекин на огнот во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Меѓутоа, Асадовиот режим и неговите сојузници во потполност негирајќи го прекинот на огнот ги продолжија своите напади во подрачјето на Идлиб.

По сево ова, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на 5 март во главниот град на Русија, Москва, постигнаа нов договор и последниот прекин на огнот стапи во сила почнувајќи од 6 март од 00:01 часот по полноќ.

Во моментов, и покрај некои случаи на прекршување од страна на режимските сили во некои места, прекинот на огнот во голема мера се почитува.



Слични вести