Трамп и Макрон разговараа телефонски: Нагласено значењето на соработката во борбата против Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон во остварениот телефонски разговор го нагласија значењето на соработката во борбата против коронавирусот

1386225
Трамп и Макрон разговараа телефонски: Нагласено значењето на соработката во борбата против Ковид-19

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон остварија телефонски разговор во кој го нагласија значењето на соработката во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Според објавеното соопштение од Белата куќа, претседателот Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон разговараа телефонски за напорите во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и економските влијанија на вирусот.

Во разговорот двајцата лидери укажаа на значењето на соработката меѓу земјите на Г-7, земјите на Г-20 и петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД) за доставување помош на меѓународните организации како што се Светската здравствена организација (СЗО), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), а со цел елиминирање на брз начин на епидемијата на Ковид-19 и сведување на минимум на економските влијанија на вирусот.

Освен тоа, Трамп и Макрон разговараа и за значајни билатерални и регионални прашања.



Слични вести