25-та годишнина на Шенгенскиот договор се одбележува под сенката на коронавирусот

По забраната на слободното движење, дојде до голем застој особено во синџирот на интегрирана набавка како и протокот на стоки и услуги во Европа

1386059
25-та годишнина на Шенгенскиот договор се одбележува под сенката на коронавирусот

25-та годишнина на Шенгенскиот договор, со кој се обезбедува слободно движење на граѓаните меѓу европските земји, се одбележува под сенката на епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) и зајакнатите гранични контроли.

Со Шенгенскиот договор кој беше потпишан на 14 јуни 1985 година во луксембуршкиот град Шенген и на сила стапи на 26 март 1995 година, меѓу поголемиот број европски земји почна слободното движење без гранична контрола.

Кон договорот кој на почетокот беше потпишан меѓу Белгија, Франција, Германија, Холандија и Лускембург, со текот на времето се приклучија и голем број европски земји.

Денес Шенгенската зона се состои од Германија, Австрија, Белгија, Чешка (Чехија), Данска, Естонија, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Луксмебург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Ирска, Лихтенштајн. Норвешка и Швајцарија.

Со цел да се спречи епидемијата од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) голем број европски земји донесоа одлука за затаворање на границите.

По забраната на слободното движење, дојде до голем застој особено во синџирот на интегрирана набавка како и протокот на стоки и услуги во Европа.



Слични вести