Руски авион од типот СУ-27 падна во Црното Море

Само една минута откако авионот исчезна од радарот пристигна сигнал за итна состојба

1385496
Руски авион од типот СУ-27 падна во Црното Море

Руски борбен авион од типот СУ-27 падна во Црното Море.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерствоо за одбрана на Русија беше истакнато дека синоќа околу 20.10 часот според локално време, на 50 км од крајбрежјето на Крим во Црното море, за време на планираниот лет, од радарот исчезна борбениот авион од типот СУ-27 и само една минута потоа пристигна сигнал за итна состојба.

Во рамките на активностите за пребарување и спасување коишто започнаа веднаш по приемот на сигналот, со подрачјето беа испратени екипите на Јужната воена област.

Според првите сознанија, авионот паднал во морето. Активностите за преарување и спасување на пилотот отежнаа поради лошите временски услови, беше истакнато во соопштението.



Слични вести