Повик од СЗО за добро искористување на времето за стапување во акција против коронавирусот

Генералниот директор на Светската здавствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика земјите да го искористат времето коешто им се пружа со донесените мерки против коронавирусот како што се одлуката за изолација т.е. излегување на улица

1385077
Повик од СЗО за добро искористување на времето за стапување во акција против коронавирусот

Генералниот директор на Светската здавствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус упати повик до земјите кои во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) донесуваат одлука за изолација т.е. излегување на улица ова време да го искористат за да стапат во акција против вирусот.

Гебрејесус на одржаниот состанок за претставниците на печатот преку видеоконференција во седиштето на Светската здравствена организација (СЗО) во Женева во Швајцарија, го рече следното: „ „Претходно пребродивме бројни пандемии и кризи. Ќе ја пребродиме и оваа. Прашање е колку голема цена за тоа ќе платиме.“

Велејќи „Барањето од луѓето да останат дома и да се спречи демографската раздвиженост, ѝ овозможува да се добие во време, ѝ го намалува притисокот врз здравствените системи“, Гебрејесус нагласи дека овие мерки сами по себе нема да ја елиминираат епидемијата на Ковид-19.

Гебрејесус ги повика земјите кои во рамките на мерките против Ковид-19 донесоа одлука за забрана за излегување на улица, ова добиено време да го искористат за да стапат во акција против болеста.

"Овие мерки се најдобриот метод за потиснување и стопирање на ширењето на вирусот, на тој начин кога ќе се укинат ограничувањата коронавирусот нема да се појави повторно." - рече Гебрејесус. 

Подвлекувајќи дека пред да бидат повторно отворени училиштата и работните места, вирусот треба целосно да се уништи, Гебрејесус предупреди дека во спротивно Ковид-19 би можел повторно да се појави.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус напомена дека агресивните мерки како што се утврдување на вирусот, процесот на негово изолирање, правењето тестови, лекувањето и следењето се "најдобар и најбрз метод", ѝ во укинувањето на економските и социјалните ограничувања, ѝ во спречувањето на ширењето на вирусот.



Слични вести