Ковид-19: Расте бројот на починатите и случаите на зараза во источните земји на чело со Иран

Иранското министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа од коронавирусот починаа уште 143 лица и дека бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 2.077, а на случаите на заразени од вирусот на над 27 илјади лица

1385172
Ковид-19: Расте бројот на починатите и случаите на зараза во источните земји на чело со Иран
iran -salgın.jpg
iran corona.jpg
iran - corona.jpg
iran koronavirus.jpg
iran ambulans.jpg

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да се шири низ светот и досега од епидемијата животот го загубија над 21 илјада човечки животи, а на бројот на случаите на зараза изнесува околу 440 илјади лица.

Иранското министерство за здравство соопшти дека во последните 24 часа од коронавирусот починаа уште 143 лица и дека бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 2.234, а на случаите на заразени од вирусот на 29.406 илјади лица. Во земјата е забрането и меѓуградското патување.

Во Азербејџан почина уште еденно заболено лице од коронавирусот, уште кај 8 лица е утврдена зараза, а бројот на лицата заболени од вирусот чие лекување продолжува изнесува 81.

Во Израел бројот на заразените од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми за уште 126 и достигна до 2.495 лица. Како што се истакнува здравствената состојба на 41 од заболените е тешка. 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека е загрижен од колапс на здравствениот систем во земјата. Упатувајќи повик за спроведување на строги политики, Нетанјаху напомена дека израелскиот народ самиот треба да применува една строга дисциплинираност и дека во спротивно може да дојде до катастрофа.

На Западниот Брег кој се наоѓа под израелска окупација, со смртта на едно 60 годишно лице е регистриран првиот смртен случај од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Палестина. Бројот на утврдените случаи на зараза од вирусот на Западниот Брег и во Појасот Газа се зголеми на 86 лица од кои 17 се излечени.

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека поради епидемијата на Ковид-19 ќе се одложи референдумот за уставни реформи закажан за 22 април и дека наредната недела граѓаните ќе бидат на административен одмор. Во земјата се затворени ноќните клубови, кино салите и местата за забава, а е донесена забрана и за наргиле во кафетериите и рестораните.

Бројот на починатите од епидемијата на коронавирусот во Украина се зголеми на 5 лица, а на случаите на зарара на 145.

Во Саудиска Арабија во рамките на борбата против коронавирусот е донесена одлука за затворање на влезовите и излезите во и за Ријад, Мека и Медина.

Бројот на смртните случаи во Тунис се зголеми на 5, во Египет се заразени 456 лица, Ирак 358, а во Либан 333 лица.

Во Џаму и Кашмир кој се наоѓа под контрола на Индија е регистриран првиот случај на смрт од коронаворусот, а бројот на дијагностицираните се зголеми на 11 лица. Во Иднија пак, бројот на починатите се зголеми на 9 лица, а на лицата заразени од вирусот на 470.

Во Филипините бројот на починатите од епидемијата се зголеми на 45 лица, а на утврдените случаи на зараза на 707 лица меѓу кои се наоѓа и еден сенатор.

Јапонија соопшти дека во рамките на борбата против епидемијата на Ковид-19 во моментов не планира да прогласи вонредна состојба. Во земјата има 2.025 утврдени случаи на заразени од Ковид-19, вклучувајќи ги и патниците кои се наоѓаа на бројот „Diamond Princess“.

Во Јужна Кореја кадешто од епидемијата на Ковид-19 животот го загубија 131 лице и каде процентот на смртни случаи изнесува околу 1,42 отсто, се утврдени и уште 104 нови случаи н азараза со што вкупниот број на заразени од вирусот се зголеми на 9.241 лице.

Како што се истакнува од 20 јануари кога беше регистриран првиот случај на зараза во земјата досега целосно оздравеа 4.144 пациенти заболени од Ковид-19 и тоа сочинува 44,8 отсто од вкупниот број на случаите на зараза.

Во Непал досега се регистрирани 19 случаи на зараза од новиот тип коронавирус, додека се истакнува дека приближно 160 туристи од кои повеќето од Европа, Австралија и Нов Зеланд останале заглавени во планинските предели на Непал.

Во Демократска Република Конго е соопштено дека од новиот тип коронавирус почина Жан Жосеп Мукенди ва Мулумба, еден од советниците на претседателот Феликс Чисекеди.

Во западноафриканската држава Буркина Фасо бројот на случаите на зараза достигна до 146 лица од кои 10 се излекувани.



Слични вести