Франција ги повлече своите војници од Ирак

Абдулкерим Халеф, воениот портпарол на ирачкиот премиер Адил Абдулмехди кој поради протестите во земјата на 29 ноември поднесе оставка, истакна дека согласно постигнатиот договор со владата, Франција ги повлече своите војници од Ирак

1385280
Франција ги повлече своите војници од Ирак

Како што се истакнува Франција ги повлече своите војници од Ирак кои се наоѓаат во оваа земја на задача во склопот на меѓународната коалиција предводена од Соединетите Американски Држави (САД) за борба против терористичката организација ДЕАШ.

Според веста на ирачката официјална новинска агенција „ИНА“, Абдулкерим Халеф, воениот портпарол на ирачкиот премиер Адил Абдулмехди кој поради протестите во земјата на 29 ноември поднесе оставка, истакна дека согласно постигнатиот договор со владата француските сили кои се наоѓаа на задача во составот на коалицијата против ДЕАШ, го напуштија Ирак.

Халеф не даде детални информации во однос на причината на повлекување на француските војници од земјата.

Во меѓувреме, и Министерството за одбрана на Република Чешка вчера соопшти дека по се поголемата растечка опасност од коронавирусот и нападите против коалиционите сили се повлечени чешките војници од Ирак.



Слични вести