Билансот на жртвите од новиот тип коронавирус во Европа станува се потежок

Бројот на починатите во во европските земји, во Италија се зголеми на 7.503, во Шпанија на 3.434, Франција на 1.331, во Велика Британија на 465, а во Холандија на 356 лица

1385154
Билансот на жртвите од новиот тип коронавирус во Европа станува се потежок
italya covid-19.jpg
italya koronovirus.jpg
koronavirus italya.jpg
italya korona covid.JPG

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега во светот одзеде приближно 21 илјада човечки животи, а бројот на случаите на зараза изнесува приближно 440 илјади лица.

Во Италија како најмногу погодена земја од коронавирусот бројот на смртните случаи во последните 24 часа се зголеми за уште 683 и изнесува 7.503 лица. Заедно и со излекуваните бројот на заразените од Ковид-19 изнесува 74.386.

Според вестите објавени во локалниот печат, од вирусот починаа уште 6 лекари и со тоа бројот на починатите здравствени работници од 21 февруари кога започна епидемијата во земјата, се зголеми на 31.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, новиот тип коронавирус (Ковид-19) го дефинира со зборовите „Војуваме против еден невидлив и свиреп непријател кој влегува во нашите домови, не принудува наново да ги дефинираме нашите односи со луѓето, предизвикува да се сомневаме во пријателите.“

Во Шпанија бројот на починатите од Ковид-19 во последните 24 часа со раст за уште 655 лица се зголеми на 4.089 лица. Шпанија која по Италија е втората земја со најголем број починати, побара помош во медицински материјали и опрема од Евроатлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи (EADRCC) во склопот на НАТО. Бројот на случаите на зараза во Шпанија досега изнесува 49.515 лица и 5.400 од нив се здравствени работници.

Во Шпанија е продолжена до 11 април и вонредната состојба која во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) беше прогласена на 14 март, а која ќе завршеше на 29 март. 

Во меѓувреме, е соопштено дека позитивен тест на Ковид-19 има и шпанскиот вицепремиер Кармен Калво, додека министерката за еднаквост Ирена Монтеро и министерката за јавна управа и регионална политика Каролина Дариас кои исто така беа позитивни на тестот на Ковид-19, оздравеа меѓутоа продолжуваат да се наоѓаат во карантин.

Во Франција во последните 24 часа заедно со уште 231 починат бројот на смртните случаи се зголеми на 1.331.

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека војниците ќе им помагаат и ќе го дадат својот придонес на народот и на јавните институции во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус. Во меѓувреме, една спроведена анкета во земјата покажа дека 73 отсто од народот смета оти владата не е спремна да се справи со кризата предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19). Според оваа анкета, процентот на загрижените поради епидемијата изнесува 87 отсто.

Во Белгија бројот на починатите во последните 24 часа со раст за уште 42 лица се искачи на 220, а бројот на случаите на зараза со раст од 1.298 се зголеми на 6.235 лица.

Бројот на смртните случаи во Германија се зголеми на 198 лица, а на утврдените случаи на зараза на 36.508.

Во Холандија бројот на човечките загуби од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 434, а на случаите на зараза достигна до приближно 7.431 лице.

Бројот на починатите во Велика Британија со уште 43 лица се искачи на 465, на случаите на смрт на 8.529, а се излекувани 135 лица.

Во Унгарија кадешто бројката на починати достигна до 10 лица, е соопштено дека меѓу нив се наоѓа и 37-годишниот заменик амбасадор на Велика Британија во Будимпешта Стивен Дик.

Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега одзеде 802 животи и во Соединетите Американски Држави (САД). Бројот на регистрираните случаи на зараза изнесува 5.238 лица од кои пак 415 се новозаразени во армијата каде бројот на заболени за една недела се зголеми за три пати.

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер, поради епидемијата ги суспендира за 60 дена заминувањата и патувањата во странство на целиот воен и цивилен персонал на Секретаријатот за одбрана (Пентагон) и на нивните семејства. Соопштено е дека за прв пат е утврден Ковид-19 кај еден војник на задача во зградата на Пентагон. Сојузната држава Њујорк со 33.006 случаи на зараза и 366 починати се наоѓа на чело на најмногу погодените сојузни држави во САД. Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека Њујорк како епицентар на епидемијата во земјата претставува сериозен "проблем" во борбата против вирусот и го рече следното: "Њујорк го очекуваат тешки недели."

Во Канада бројот на починатите од епидемијата на Ковид-19 се искачи на 33 лица, а на случаите на зараза на 3.292. Во сојузната држава Њуфоундленд една 53-годишна жена која се врати од странство откако одбимда остане дома во карантин е уапсена.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Бразил се зголеми на 57, во Австралија на 12, а во Доминиканската Република на 10 лица. 

Во Романија од епидемијата на Ковид-19 досега животот го загубија 13 лица, а бројот на вкупниот број на случаи на зараза се зголеми на 906. Соопштено е дека романскиот министер за здравство Виктор Костаче поднел оставка на должноста.



Слични вести