Вооружен напад врз храм на сиките во главниот град на Авганистан, Кабул: Има голем број загинати

Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Тарик Арјен истакна дека е реализиран вооружен напад врз храм на сиките во областа Шор Базар во главниот град Кабул и дека во нападот има голем број загинати

1385059
Вооружен напад врз храм на сиките во главниот град на Авганистан, Кабул: Има голем број загинати

Реализиран вооружен напад врз храм на сиките во главниот град на Авганистан, Кабул.

Портпаролот на авганистанското министерство за внатрешни работи Тарик Арјен во дадената изјава за печатот истакна дека е реализиран вооружен напад врз храм на сиките во областа Шор Базар во главниот град Кабул.

Велејќи дека се водеше неколкучасовен вооружен судир помеѓу напаѓачите и полицијата, Арјен рече дека се претпоставува оти напаѓачите биле четворица.

Како што се дознава во моментот на нападот во храмот на сиките се наоѓале за миса приближно 150 лица.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Слични вести