Во напад на Боко Харам врз воена единица во Чад загинаа најмалку 92 војници

Членовите на терористичката организација Боко Харам реализираа напад врз воена единица во Чад и во нападот загинаа најмалку 92 војници, а 47 војници се ранети

1384673
Во напад на Боко Харам врз воена единица во Чад загинаа најмалку 92 војници

Во реализиран напад од страна на терористичката организација Боко Харам врз воена единица во централноафриканската држава Чад, според првични информации загинаа најмалку 92 војници,и, а 47 војници се ранети.

Претседателот на Чад Идрис Деби во изјавата што ја даде во областа кадешто беше реализиран нападот истакна дека припадниците на терористичката организација Боко Харам реализираа напад врз воената единица во градот Боума во провинцијата на Езерото Чад и дека вооружениот судир до којшто дојде по нападот траеше најмалку 5 часа.

Велејќи дека во нападот загинаа најмалку 92 војници, а 47 војници се ранети, претседателот Идрис Деби рече: "За прв пат изгубивме толку голем број животи. Нашиот одговор на ова ќе биде жесток."

Во вестите објавени во локалниот печат се истакнува дека за време на нападот бил испратен авион за поддршка од воздух ќ, но дека тој бил погоден и се вратил назад.

Армијата на Чад соопшти дека областа била целосно ставена под контрола.

Во меѓувреме, терористичката организација Боко Харам реализира напад и во североисточниот дел на западноафриканската држава Нигерија во кој животот го загубија 50 војници, а голем број војници се ранети.



Слични вести