Силите на либиската Влада започнаа операција Мировна бура против милициските сили на Хафтар

Владата на национално единство на Либија започна операција Мировна бура против милициските сили на лидерот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата Халифа Хафтар

1385037
Силите на либиската Влада започнаа операција Мировна бура против милициските сили на Хафтар

Легитимно признатата влада од страна на Обединетите нации (ОН), Владата на национално единство на Либија, започна операција на југот на главниот град Триполи против милициските сили на лидерот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата Халифа Хафтар.

Во објавеното писмено соопштение од прес-центарот на операцијата Вулкан на гневот на силите на Владата на национално единство е соопштено дека на сите фронтови е започната операција Мировна бура против милициските сили на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата.

Во соопштението се истакнува дека операцијата е започната поради тоа што милициските сили и платените војници на Хафтар прекршувајќи го прекинот на огнот ги гранатираат цивилните населени места во главниот град Триполи.

Инаку, милициските сили на Хафтар вчера повторно реализираа напад врз затворот во областа Ајн Зара на југот на Триполи и притоа беа ранети 3 лица. Во реализираните напади со ракетни фрлачи врз истата област во последните 2 дена загинаа 6 цивили.

Од друга страна, командантот на операцијата Мировна бура генерал мајор Усаме Џувејли соопшти дека ја зазеле либиската национална воена воздухопловна база и притоа биле заробени и некои припадници на милициските сили.

Нагласувајќи дека поради тоа што милициските сили на Хафтар и покрај повиците за прекин на огнот продолжуваат да реализираат напади врз Триполи, генерал мајор Усаме Џувејли рече: „Меѓу заробените се наоѓаат и платени војници кои се донесени надвор од Либија.“

Фотографиите на заробените платени војници во воздухопловната база беа споделени и преку социјалните медиуми и локалниот печат.



Слични вести