Предупредување од СЗО: САД би можеле да станат епицентар на епидемијата на коронавирусот

Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Харис предупреди дека САД би можеле да станат нов епицентар на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1384456
Предупредување од СЗО: САД би можеле да станат епицентар на епидемијата на коронавирусот

Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Харис на одржаната прес конференција преку видеоконференција во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) би можеле да станат нов епицентар на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Харис рече дека во последните 24 часа 85 отсто од новите регистрирани случаи на зараза од коронавирусот се од Европа и САД, од кои 40 проценти од САД, со што предупреди дека САД би можеле да станат нов епицентар на епидемијата.

Таа воедно предупреди дека во значителна мера ќе дојде до зголемување на бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 во светот.

Привлекувајќи внимание дека епидемијата продолжува да се шири со голема брзина, Маргарет Харис рече: „Смртта на 11 илјади лица од епидемијата на ебола, како една од најлошите што ја зафати Западна Африка траеше 2 години, затоа во овој случај навистина се соочуваме со една огромна епидемија.“

Харис нагласи дека Европа и САД се дојдени во состојба на региони кадешто епидемијата на коронавирусот се забележува најмногу и рече: „Така да, од соопштените случаи на зараза во последните 24 часа пристигнаа од Европа и САД. Приближно 40 отсто од нив се од САД.“

Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Харис укажа на тоа дека применувањата на некои земји како што се забраната за излегување на улица и карантинот можат да го успорат ширењето на епидемијата, а воедно напомена дека ваквите видови мерки ќе обезбедат добивање во време за здравствените институции и здравствените работници.  

На едно поставено прашање во врска со тоа дали Соединетите Американски Држави (САД) би можеле да станат нов епицентар на новиот тип коронавирус, Харис рече: „Во бројот на случаите во САД забележуваме многу голем интензитет. Така да тој потенцијал постои.“

Инаку, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во дадената изјава на 13 март соопшти дека Европа е дојдена во положба на епицентар на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести