Епидемијата на новиот тип коронавирус продолжува да се шири и да одзема животи во Иран

Во Иран бројот на починатите од коронавирусот достигна до 2 илјади лица, а на случаите на зараза во земјата изнесува приближно 25 илјади лица

1384363
Епидемијата на новиот тип коронавирус продолжува да се шири и да одзема животи во Иран

Додека продолжува брзото ширење на епидемијата од новиот тип коронавирус (Ковид-19) од која бројот на смртните случаи во светот изнесува над 17 илјади лица, а на бројот на случаите на зараза приближно 400 илјади лица, никако не можат да се спречат и големите човечки загуби од смртоносниот вирус.

Во Иран со уште 143 мртви бројот на починатите од коронавирусот достигна до 2.077 илјади лица, а на случаите на зараза во земјата изнесува приближно 25 илјади лица.

Иранскиот претседател Хасан Рухани истакна дека првиот бран во случаите на Ковид-19 е надминат, но предупреди дека со враќање на граѓаните кои заминале на одмор за Празникот на пролетта Невруз би можел да започне вториот бран. Во рамките на мерките против Ковид-19 во земјата се забранети влезовите во градовите и патувањата меѓу градови. На саемскиот простор во главниот град Техеран од страна на армијата е изградена привремена болница со капацитет од 2 илјади легла. Иранскиот заменик министер за здравство Али Риза Реиси во врска со епидемијата на Ковид-19 рече: „Во реализираните епидемиолошки истражувања е забележано дека оваа болест којашто се појави во Кум јасно и сигурно е поврзана со Кинезите кои се наоѓаат во оваа провинција.“

Руската вицепремиерка Татјана Голикова соопшти дека во земјата со уште 163 нови утврдени случаи на зараза бројот на заразените од вирусот се зголеми на 658 лица. На оние кои ќе станат причина за пренесување на заразата на други лица ќе им се изрече парична казна до 12.300 долари или затворска казна до 3 години. Почнувајќи од утре ќе престане евакуацијата на руските државјани кои се наоѓаат во други земји.

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека поради епидемијата на Ковид-19 ќе се одложи референдумот за уставот закажан за 22 април и дека наредната недела граѓаните ќе бидат на административен одмор.

Бројот на смртните случаи во Ирак се зголеми на 28, на случаите на зараза на 316 лица, а 75 заболени од вирусот се излекувани.

Во Украина бројот на починатите се зголеми на 4 лица, а на случаите на зараза на 113. Советот на министри прогласи вонредна состојба на територијата на целата земја.

Во Појасот Газа кадешто досега не е утврден случај на зараза Министерството за вакафи и верски прашања во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) донесе одлука од денеска да бидат затворени во текот на 2 недели сите џамии во областа.

Во Израел има 5 починати, а бројот на случаите на зараза се зголеми на над 2 илјади лица. Во рамките на борбата против коронавирусот е донесена одлука во приватните возила да патуваат само по 2 лица, а во такси возилата по најманогу еден патник. На Израелците им е дозволено да се оддалечат најмногу 100 метри надвор од своите домови, освен да одат во маркети и во аптека, а воедно е донесена одлука од оваа вечер да бидат затворени сите синагоги во земјата.

Бројот на случаите на зараза од новиот тип коронавирус во Авганистан се зголеми на 80, а починаа 2 лица. Во земјата е утврден вирус кај четворица странски војници на задача во составот на НАТО, а меѓу вестите се наоѓаат и тие дека војниците за кои станува збор инфицирани со вирусот биле Италијанци. Гувернерот на Херат Кајјум Рахими пак, соопшти дека од денеска е донесена забрана за излегување на улица во границите на округот.

Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е утврден вирус кај уште 50 лица и на тој начин вкупниот бриј на случаите на зараза се зголеми на 248. 45 лица инфицирани со вирусот пак, се излекување.

Во Катар се регистрирани уште 25 заразени и вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 526 лица.

Јорданското министерство за здравство соопшти дека во земјата се регистрирани уште 26 случаи на зараза и дека вкупниот број на заразени се искачи на 153 лица.

Во Египет од вирусот животот го загубија 19 лица, а се заразени 402-јца. Како што е соопштено од 19:00 до 06:00 часот ќе се применува делумна забрана за излегува на улица во земјата.

Бројот на починатите од коронавирусот во Мароко се зголеми на 5 лица, а на заразените на 170.

Во Тунис е соопштено дека од вирусот почина уште едно лице 56 годишен маж и вкупниот број на починатите се зголеми на 4 лица. Се зголемени мерките против епидемијата на коронавирусот во чии рамки се применува забрана за излегување на улица и се спроведува општ карантин на територијата на целата земја. Бројот на случаите на зараза во Тунис изнесува 114.

Во Либан, во последните 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на зараза и е соопштено дека бројот на заразените од епидемијата Ковид-19 се искачи на 333 лица.

Во објавеното писмено соопштение преку Фејсбук страницата на Националниот центар за борба против болести во Либија е соопштено дека кај едно лице е утврден нов тип коронавирус (Ковид-19) и дека на тој начин е регистриран и првиот случај на зараза во земјата.

Во Индија, со цел спречување на ширењето на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е донесена забрана за неизлегување од домовите во текот на 21 ден.

Во Саудиска Арабија е издадена директива за ставање под карантин на Ријад, Мека и Медина. Управата на Саудиска Арабија соопшти дека за борба против новиот тип коорнавирус (Ковид-19) во четврток ќе се одржи вонреден „вирутелен самит“ со лидерите на земјите на Г-20, групата индустриски најразвиени земји и држави со забрзан економски развој, чиј е и привремен претседавач.

Малезиската влада донесе одлука да ја продолжи до 14 април примената за „ограничување на дневните активности“ коишто ги прогласи против епидемијата. Бројот на на случаите на зараза во земјата се зголеми на 1.796, а досега животот го загубија 17 лица.

Бројот на починатите во Филипините пак, се искачи на 38, а на случаите на зараза на 636 лица. Во меѓувреме, комунистичките герилци во Филипините соопштија дека ќе се придржуваат кон повикот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес за стопирање на вооружените судири во целиот свет за време на епидемијата на Ковид-19.

Во Бангладеш кадешто животот го загубија 4 лица, а е утврден коронавирус кај 39 лица, се сопрени од 26 март до 4 април сите колективни превози по копнен пат.

Нигерија, во рамките на борбата против епидемијата ги затвори сите копнени граници на земјата во текот на 4 недели, додека во Брегот на Слоновата Коска од синоќа е донесена забрана за излегување на улица од 21:00 до 05:00 часот.

Бројот на случаите на зараза од новиот тип коронавирус во Африка се зголеми на 2.412, а бројот на починатите на 64 лица.

Во Сиера Леоне и покрај тоа што не е регистриран случај на зараза од нов тип коронавирус (Ковид-19) е прогласена „итна состојба“ во земјата.

Во Мали и Гвинеја Бисау се утврдени првите случаи на заразени од Ковид-19.



Слични вести