Доналд Трамп побарал од Јужна Кореја комплети за тестирање на коронавирус

Јужнокрејскиот претседател Мун Јае-ин изјави во Сеул дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал од неговата земја да им обезбеди итни материјали како што се комплети за тестирање на коронавирус

1384888
Доналд Трамп побарал од Јужна Кореја комплети за тестирање на коронавирус

Американскиот претседател Доналд Трамп оствари телефонски разговор со јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин од кого во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) побара комплети за тестирање на коронавирус.

Јужна Кореја, која после изворната земја Кина, се наоѓа меѓу најмногупогодените земји од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се истакнува дека епидемијата ја држжи под контрола со големиот број направени тестови со комплети за тестирање и со други преземени мерки.

Претседателот на Јужна Кореја Мун Јае-ин во дадената изјава во Сеул истакна дека разговарал телефонски со американскиот претседател Доналд Трам и го рече следното: „Американскиот претседател Трамп побара од нас да им обезбедиме итни материјали како што се комплети за тестирање на коронавирус.“

Како што се нагласува главна тема на остварениот телефонски рагзовор помеѓу двајцата лидери била борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести