Билансот на починатите и заразените од Ковид-19 во Европа со секој поминат ден станува се потежок

Бројот на починатите во Италија од коронавирусот во последните 24 часа со уште 743 лица се зголеми на 6.820, а вкупниот број на случаите на зараза достигна до 69.176 лица

1384367
Билансот на починатите и заразените од Ковид-19 во Европа со секој поминат ден станува се потежок
ITALYA KIRMIZI BOLGE (13).jpg
italya koronavirus.jpg
koronavirus italya.jpg
italya korona covid.JPG
italya koronovirus.jpg

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега во светот одзеде над 17 илјади човечки животи, а на бројот на случаите на зараза изнесува приближно 400 илјади лица и никако не можат да се спречат и големите човечки загуби од смртоносниот вирус.

Билансот во Европа со секој поминат ден станува се потежок.

Бројот на починатите во Италија од коронавирусот во последните 24 часа со уште 743 лица се зголеми на 6.820, а вкупниот број на случаите на зараза достигна до 69.176 лица. Донесена е одлука на оние кои излегуваат на улица без потреба да им се изрече казна од 3 илјади евра.

Во Шпанија починаа 3.434 лица, само во последните 24 часа се регистрирани 512 смртни случаи, а бројот на случаите на зараза од вирусот со уште 6.584 новозаразени достигна до приближно 40 илјади лица. На тој начин во Шпанија е регистрирана најголемата бројка на смртни случаи и инфектирани од Ковид-19 во последните 24 часа. Во земјата доаѓа и до човечки драми. Имено поради тоа што вработените избегале од некои домови за старци некои стари болни лица биле најдени мртви во своите кревети. Шпанската влада побара поддршка од НАТО во медицински материјали. 

Во Франција во текот на еден ден за еден час од коронавирусот починаа по 10 лица. Бројот на смртните случаи во земјата во последните 24 часа се зголеми на 1.100. Во меѓувреме, во градот Мулхус поради епидемијата се доживува проблем од недостик на легла во болниците. За намалување на товарот на болниците некои заразени пациенти со помош на воени авиони се носат во здравствени установи во други градови, а воедно е изградена и болница со капацитет од 30 легла. Француската управа побара да се стави во примена Европскиот механизам за стабилност.

Во Холандија пак, со уште 63 починати во последните 24 часа бројот на смртните случаи се зголеми на 276 лица.

Билансот на мртви во Германија од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 155 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува околу 33 илјади. Во некои покраини казната за излегување на улица се зголеми на 25 илјади евра.

Во Белгија во послендите 24 часа бројот на починатите со смртта на уште 56 лица се зголеми на 178, а бројот на заразените од Ковид-19 со раст за уште 668 лица се зголеми на 4.937. Во земјата 2.308 лица се наоѓаат на лекување во болница. Од нив 474 лица се на интензивна нега.

Британското кралско семејство објави дека вечниот престолонаследник 71-годишниот Принц Чарлс бил позитивен на тестот за коронавирус, дополнувајќи дека тој се чувствува добро. Тој се наоѓа во домашна изолација во дворецот во Шкотска.

Во Велика Британија кадешто починаа 422 лица и се утврдени над 8 илјади случаи на заразени, е донесена одлука еден саемски центар во главниот град Лондон да биде преуреден во привремена болница со капацитет од 4 илјади легла. Од повиканите на задача на пензионирани лекакари или лекари во оставка и други здравствени работници, на повикот позитивно одговорија приближно 12 илјади лица.

Во Швајцарија бројот на смртните случаи се зголеми на 135, а на случаите на зараза од Ковид-19 на 10.171 лице.

Во Австрија бројот на починатите се зголеми на 30, се направени тестови на 32.500 лица од кои се дијагностицирани 5.282 лица.

Во Полска бројот на смртните случаи се зголеми на 12 лица, а на случаите на заразени на 927.

Во Чешка од вирусот животот го загуби уште едно лице со хронични заболувања и бројот на на починатите во земјата се зголеми на 3 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 1.497.

Во Ватикан бројот на заразените од вирусот се зголеми за уште 3 лица и изнесува 4.

Во Србија бројот на смртните случаи достигна до 4, а бројот на заразените се зголеми на 303. Соопштено е дека е позитивен на коронавирус и државниот секретар во српското Министерство за животна средина Бранислав Блажиќ.

Во Црна Гора досега од вирусот го загуби животот едно лице, а бројот на дијагностицираните лица се зголеми на 52. 

Смртните случаи во Босна и Херцеговина се зголеми на 3 лица, а на случаите на зараза на 168.

Бројот на случаите на зараза во Хрватска за 24 часа со уште 36 новозаразени се зголеми на 418 лица, а е соопштено дека се позитивни на коронавирус и тројца хрватски војници кои биле на задача во Литванија. 

Во Унгарија кадешто има 10 починати, бројот на заразените се зголеми на 226 лица.

Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјата со овој вирус се искачи на 177 лица. Во меѓувреме, министерот за здравство Венко Филипче го потврди и третиот смртен случај од корнавирусот (Ковид-19) во земјата.

Во Албанија бројот на заразените лица од вирусот се зголеми на 146, а во Косово на 63.

Во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случаи се зголеми на 797, бројот на заразените изнесува над 50 илјади лица. Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер истакна дека се очекува назадувањето на епидемијата од новиот тип коронавирус (Ковид-19) да одземе 8 до 10 недели. Во Армијата на САД има 321 случај на зараза на војници и нивни семејства. Гувернерството на Њујорк го предупреди народот дека најлошата слика ќе се појави на крајот на април.

Бројот на починатите од коворнавирусот во латиноамериканската држава Еквадор се зголеми на 72 лица, а бројот на случаите на зараза на 1.049.

Во Колумбија од вирусот починаа 3, заразени се 378 лица, а почнувајќи од денеска почна да се применува карантин на територијата на целата држава којшто ќе трае до 13 април.

Во Австралија е утврден Ковид-19 кај 138 лица меѓу кои се наоѓаат и 3 деца на возраст од 9, 7 и 2 години. Соопштено е дека вкупниот број на случаите на зараза во земјата е зголемен на 2.317 лица.

Во Нов Зеланд кадешто бројот на случаите на нов тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 205 лица со цел водење борба против епидемијата е прогласена вонредна состојба во земјата.



Слични вести