Смртта на едно лице од „хантавирусот“ во Кина ја зголеми загриженоста во земјата и светот

Хантавирусот луѓето ги заразува од контакт со глувците или урината, на глувците, плунката или изметот на глувците

1384317
Смртта на едно лице од „хантавирусот“ во Кина ја зголеми загриженоста во земјата и светот

Смртта на едно лице од „хантавирусот“ во Кина кој се пренесува од глувците на луѓето, ја зголеми загриженоста во земјата во која се појави новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Според официјалната кинеска медиумска куќа Глобал тајмс, лицето кај кое беше утврден хантавирус во западната провинција Јунан, починал во автобусото со кој патувал за провинцијата Шандунг.

Во веста се истакнува дека бил извршен тест и врз останатите 31 патник во автобусот.

По информацијата на Глобал тајмс, на друштвените медими беа споделени објави и коментари дека постои можност за поава на еден нов вирус, поради што хаштагот "hantavirüs" стана тренд во целиот свет.

Хантавирусот кој луѓето ги заразува од контакт со глувците или урината на глувците, плунката или изметот на глувците е причина за болеста наречена хантавирусен белодробен синдром (ХПС). Хантаврусот не предизвикува епидемија која може да се прошири од човек на човек.



Слични вести