Повик од генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес за глобален прекин на огнот во светот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес, за водење борба против епидемијата на коронавирусот упати повик за прогласување на глобален прекин на огнот за формирање на коридори за хуманитарна помош, за најбеспомошните и најранливите делови во светот

1383828
Повик од генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес за глобален прекин на огнот во светот

Обединетите нации (ОН) во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) упати повик за глобален прекин на огнот.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, за водење борба против епидемијата на коронавирусот упати повик за прогласување на глобален прекин на огнот за формирање на коридори за доставување на хуманитарна помош за најбеспомошните и најранливите делови во светот.

Гутерес на одржаната прес конференција преку видеоконференција истакна дека и покрај тоа што се соочуваме со Ковид-19 како заеднички непријател на целиот свет, се уште продолжуваат вооружените судири и војните во различни делови во светот.

Антонио Гутерес предупреди дека лицата и бегалците и мигрантите кои се принудени да ги напуштат своите домови и кои се најбеспомошна и најранлива група луѓе во областите кадешто се водат војни и каде здравствениот систем е во колапс и здравствените работници стануваат цел на напади, се соочуваат двократно повеќе со ризик.

„Упатувам повик веднаш да се прогласи глабален прекин на огнот за војните коишто продолжуваат во сите делови на светот. Замолчете ги оружјето и топовските истрели. Тоа е од крајно големо значење за формирање на коридорите за хуманитарна помош коишто се од животно значење за најбеспомошните и најранливите области од Ковид-19.“ - рече Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес.

Нагласувајќи дека треба да се стави крај на болеста од војна и да се води борба против епидемијата на коронавирусот која го пустоши светот, Гутерес ја изнесе следната констатација: „Тоа пак, може да започне само со стопирање на сите војни и во моментов човештвото има поголема потреба од тоа од било што друго.“



Слични вести