Ковид-19 продолжува да се шири во источните земји меѓу кои по Кина, најтешко е погоден Иран

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Иран се зголеми на 1.812 лица, а на бројот на случаите на зараза на 23.049

1383667
Ковид-19 продолжува да се шири во источните земји меѓу кои по Кина, најтешко е погоден Иран
iran - corona.jpg
iran koronavirus.jpg
iran corona
iran ambulans.jpg
iran koronavirus.jpg

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој се појави во декември минатата година во Кина и потоа со голема брзина се прошири низ целиот свет досега одзеде над 16.500 животи, а се заразени 382 илјади лица.

Во Иран бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 1.934 лица, а бројот на случаите на зараза од вирсуот изнесува 24.811.

Како што е соопштено животот го загубила и Сејиде Изет Хамуши, свекрвата на синот на иранскиот верски лидер Али Хамнеи, Мејсем. Од Ковид-19 животот го загубило и едно 6 годишно дете.

Иранскиот претседател Хасан Рухани соопшти дека ограничувањата во земјата поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се продолжени до 3 април. Рухани истакна дека почнаа да опаѓаат поплаките во болниците и стапките на смрт.

Претседателот на Фракцијата Граѓанско право во иранскиот Парламент Абдулкерим Хусејинзаде, за стопирање на ширењето на коронавирусот упати повик за суспендирање во текот на еден месец на сите активности во земјата. 

Бројот на човечките загуби од коронавирусот во Ирак се зголеми на 24 лица. Провладината Мрежа за криза во врска со коронавирусот забраната за излегување на улица ја продолжи до 29 март, а се наоѓаат на принуден одмор и државните институции, со исклучок на единиците за безбедност и здравство.

Во Јужна Кореја кадешто има 111 починати е утврден вирус Ковид-19 кај 8.961 лице, а е соопштено дека е излекувано едно 91-годишно заболено лице. Освен тоа, Јужна Кореја соопшти дека без оглед на тоа дали имаат симптоми на Ковид-19 или не ќе бидат тестирани сите патници кои се дојдени од европските земји о ќе бидат ставени во карантин од 2 недели.

Како што се истакнува, поголемиот дел од случаите на заразени во последната една недела во Кина, изворната земја на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), се утврдени кај лица кои се дојдени од странство.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас, поради епидемијата на Ковид-19 донесе амнестија за затворениците кои одлежале половина од изречената затворска казна. Според официјалните податоци во Палестина, бројот на случаите на зараза заедно со уште двајца дијагностицирани во Газа, се зголеми на 59 лица.

Израелското министерство за здравство соопшти дека бројот на утврдените случаи на зара од коронавирусот во земјата се искачи на 656 лица од кои здравствената состојба на 31 заболен е тешка.

Во Молдавија бројот на случаите на зараза изнесува 109, во Азербејџан 61, Киргизистан 16, Украина 73, Ерменија 194, во Грузија 61 лице.

Во Саудиска Арабија кадешто е регистриран првиот смртен случај е соопштено дека е утврден вирус кај 521 лице, додека  вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 562 лица,  од кои 19 лица се излекувани.

Бројот на заразените од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Тунис заедно со уште 14 лица се зголеми на 89, во Мароко на 143, Оман 66, Кувајт 189, Катар 501 и во Јордан на 128 лица.

Во Филипините кадешто животот го загубија 33 лица е утврден вирус кај 396 лица и е усвоен во собраниската комисија нацрт законот со којшто му се дава надлежност на претседателот Родриго Дутерте за прогласување на вонредна состојба во земјата во рамките на борбата против епидемијата.   

Во Индија бројот на починатите од епидемијата на Ковид-19 изнесува 8 лица, а воедно е прогласена и забрана за излегување на улица во земјата до крајот на март. Во Индија досега се утврдени 425 случаи на зараза од вирусот.

Малезиската влада ги евакуира своите 208 државјани кои по појавата на коронавирусот останаа заглавени во Индија и Шпанија.

Во Непал му е доставена директива на народот почнувајќи од утре во времетраење од една недела без поголема потреба и во исклучителни случаи да не излегува од дома. 

Јапонија воведе забрана за патување во 18 европски земји и Иран

Во Тајланд, во рамките на борбата против епидемијата на Ковид-19 е прогласена вонредна состојба со којашто и се дава овластување на Владата за донесување на забрана за излегување на улица, цензура за печатот, растерување на состаноците и во случаи на потреба распоредување на војници.

Во јужноафриканската држава Зимбабве е регистриран првиот смртен случај од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Инаку, бројот на случаите на заразени од Ковид-19 во земјите во Африка досега изнесува вкупно 1.788, а бројот на починатите се зголеми на 58 лица.

Во Лаос е регистриран првиот случај на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести