Хеико Мас: Има потреба од поголема меѓународна соработка во борбата против коронавирусот

Шефот на германската дипломатија Хеико Мас истакна дека има потреба од поголема меѓународна соработка во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1384262
Хеико Мас: Има потреба од поголема меѓународна соработка во борбата против коронавирусот

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас одржа средба преку видеоконференција со својот украински колега Дмитриј Кулеба.

Шефот на германската дипломатија Хеико Мас во дадената изјава по средбата истакна дека со својот украински колега Дмитриј Кулеба разговарале за епидемијата на коронавирусот во светот и за ситуацијата во источниот дел на Украина. 

Мас напомена дека има потреба од поголема меѓународна соработка во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи дека епидемијата на коронавирусот претставува глобален предизвик, Мас рече: "Покрај потребните мерки коишто се преземаат по прашањето на економијата, има потреба од поголема меѓународна соработка."

Тој нагласи дека коронавирусот не застанува на границите.

"Заедно треба да спречиме да дојде до поголемо зголемување и на присутната човечка криза во источниот дел на Украина." - рече германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас.

Укажувајќи на тоа дека пред 6 години Крим беше незаконски анектиран (од страна на Русија), Мас нагласи дека Германија секогаш ќе го поддржува територијалниот интегритет на Украина. 



Слични вести