Во Русија „се кријат вистините“

Лекарите биле принудени да ги лекуваат пациентите без заштитна опрема

1382928
Во Русија „се кријат вистините“

Во Русија изнесено тврдење дека „се кријат вистините“ во врска со епидемијата на новиот тип на коронавирусот и дека случаите на заболување се регистрираат како „пневмонија“.

Раководителот на синдикатот на унијата на лекарите на Русија Анастасија Василјева на видеоснимката што ја објави направи проценка на состојбата во врска со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) в земјата.

Василјева рече: „Се кријат вистинските димензии на Ковид-19. Лекарите се принудуваат да ги кријат вистините и недостатоците од заштитна опрема. Ја загрозуваат земјата. Ова е глупост на властите“.

Во продолжение Василјева вели дека „лекарите биле принудени да ги лекуваат пациентите без заштитна опрема. Недавањето заштитна опрема на лекарите која се употребува во борбата против вирусот во светот е кривично дело извршен против јавноста“.  



Слични вести