Ковид-19: Продолжува да расте бројот на починатите во источните земји на чело со Иран

Во Иран од новиот тип коронавирус (Ковид-19) според последни добиени информации досега починаа 1.812 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува приближно 22 илјади и овие бројки продолжуваат да растат

1382952
Ковид-19: Продолжува да расте бројот на починатите во источните земји на чело со Иран

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој се појави во декември минатата година во Кина и потоа со голема брзина се прошири низ целиот свет досега одзеде над 14 илјади животи, а се заразени повеќе од 330 илјади лица.

Во Кина бројот на починатите од коронавирусот се зголеми на 3.270 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува 81.054.  Како што се истакнува процентот на смртните случаи од во градот Вухан изнесува 1,4 отсто. 

Во Иран бројот на смртните случаи со смртта на уште 127 лица се зголеми на 1.812, а бројот на случаите на зараза изнесува приближно 22 илјади лица и овие бројки продолжуваат да растат. Ковид-19 е утврден и кај 19 дописници на Иранската државна радио-телевизија (ИРИБ).

Во Русија е утврден нов тип коронавирус уште кај 71 лице и вкупниот број на случаи на зараза е зголемен на 438 лица. Во главниот град Москва е донесена забрана за излегување на улица за московјаните од над 65 годишна возраст. Службата за ветеринарен и фитосанитарен надзор соопшти дека за привремено е суспендиран извозот на житни производи.

Украинското министерство за здравство соопшти дека со утврдување на Ковид-19 уште кај 26 лица бројот на случаите на зараза се зголеми на 73 лица. Во Украина досега од вирусот животот го загубија 3 лица.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Јапонија се зголеми на 52 лица. Вкупниот број на случаите на зараза во светот пак, достигна до 850 лица.

Güney Kore'de son 24 saatte 64 vakaya rastlanıldığı, bunun son 4 haftadaki en düşük vaka sayısı olduğu belirtildi.

Како што се истакнува во Јужна Кореја во последните 24 часа се утврдени 64 нови случаи на зараза и дека тоа претставува најниска бројка на регистрирани случаи во последните 4 недели.

Во земјата се утврдени 8.961 случај на заразени, додека од епидемијата животот го изгубија 111 лица.

Во Ирак бројот на починатите од епидемијата се зголеми на 20, а се утврдени 233 случаи на зараза. Исто така и забраната за излегување на улица во земјата е продолжена за уште една недела. 

Палестинскиот премиер Мухамед Иштије соопшти дека во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) почнувајќи од синоќа од 22:00 часот по локално време ќе се применува забрана за излегување на улица за секого, со исклучок на лекарите, фармацевтите и сопствениците на фурни.

Во Појасот Газа кој се наоѓа под блокада, откако беше регистриран првиот смртен случај од новиот тип коронавирус, Организацијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) донесе одлука за привремено стопирање на помошта во храна. 

Во Израел кадешто животот го загуби едно лице, бројот на случаите на зараза достигна до 1.238 лица од кои здравствената состојба на 18 пациенти е тешка.

Во Либан бројот на заразените се зголеми на 230 лица и премиерот Хасан Дијаб ги повика граѓаните да не излегуваат од своите домови.

Во Либија пак, експертот Салах ел-Бекуш истакна дека во источниот дел на земјата нема центар за карантин и неопходно информирање и опрема и дека нема доверба во изјавата на министерот за здравство кој вели дека нема евудентирани случаи на зараза.

Во Алжир кадешто бројот на починатите од коронавирусот се зголеми на 15 лица, а на случаите на зараза на 139, министерот за здравство Абдурахман бин Бузијд рече: „Се подготвуваме за најлошото сценарио.“

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Тунис се зголеми на 3 лица, а на заразените на 75. Како што се истакнува почнувајќи од денеска до 4 април во земјата ќе се применува карантин. 

Во Сенегал бројот на утврдените случаи на зараза се зголеми на 56 лица, додека во Чад кадешто е регистриран еден случај на зараза за време на нередите поради коронавирусот избегаа од затвор голем број затвореници.

Во Сирија е соопштено дека кај едно лице кое се вратило од странство е регистриран првиот случај на зараза со новиот тип коронавирус во земјата.

Белите Беретки во рамките на мерките против коронавирусот започнаа активности за дезинфекција во Идлиб, додека волонтерите побараа помош од Светската здравствена организација (СЗО).

Месџид-и Акса во Источен Ерусалим (Кудс) кој се наоѓа под израелска окупација, во рамките на борбата против коронавирусот почнувајќи од утринскиот намаз е целосно затворен за верски обред.

Бројот на случаите на зараза со Ковид-19 во Малезија се зголеми на 1.306 лица, а досега починаа 10 лица. За поефикасно спроведување на примената за ограничување на секојдневните работи на народот стапи на задача и армијата.

Во Мароко бројот на утврдените случаи на зараза се зголеми на 104, а во Саудиска Арабија на 511 лица.

Во Саудиска Арабија почнувајќи од денеска ќе се применува делумна забрана за излегување на улица во текот на 21 ден на територијата на целата земја.

Во Индија кадешто животот го загубија 8 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува 425, е донесена забрана за излегување на улива до 31 март.

На континентот Африка бројот на човечките загуби изнесува 39, а е утврден вирус кај 1.268 лица. Кинескиот бизнисмен Џек Ма во рамките на борбата против вирусот во Африка испрати милиони комплети за дијагноза, маски и заштитна облека.

Во меѓувреме, поради тоа што африканските земји поради епидемијата на Ковид-19 ги сопреа своите меѓународни летови и ги затворија своите копнени граници на континентот останаа заглавени приближно 50 илјади француски граѓани.

Министерот за информирање и општествен развој на Казахстан Даурен Абајев истакна дека со утврдување на вирусот уште кај 3 лица бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 62 лица.

Во Узбекистан, според податоците на министерството за здравство со утврдување на Ковид-19 уште кај 3 лица бројот на заразените се зголеми на 46 лица.

Во Грузија се евидентирани 54 случаи на зараза од Ковид-19, додека во Белорусија вкупниот број на случаи со уште 5 нови утврдени случаи се зголеми на 76 лица.



Слични вести