Во Индонезија регистриран земјотрес со јачина од 5,1 степен
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во океанот на 90 километри од областа Боул во провинцијата Централно Сулавеси и бил на длабочина од 10 километри
1382694

Во Индонезија се случи земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтер.
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (БМКГ) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓал во океанот на 90 километри од областа Боул во провинцијата Централно Сулавеси и бил на длабочина од 10 километри.
Според првични добиени информации нема човечки загуби или повредени во земјотресот, а воедно не е издадено и предупредување за цунами.