Русија и испрати експертска екипа на Италија

Експертите кои беа испратени во Италија се искусни здравствени работници кои учествуваа во борбата против епидемијата од свински груп, антракс и ебола во Африка

1382843
Русија и испрати експертска екипа на Италија

Русија на Италија каде што поради новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) умреа 4 825 лица и испрати поддршка составена од експертска екипа и медицинска опрема.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Русија беше истакнато дека во знак на поддршка на борбата против Ковид-19 на Италија и беше испратена експертска екипа.

Авионот со екипата составена од здравствени експерти и медицинската опрема полета од аеродромот воениот аеродром Чкаловск во близината на Москва.

Со авионот 9 ИЛ-76 за Италија беа испратени 8 здравствени екипи составени од 100 вирусолози, епидемиолози и различни видови медицинска опрема.

Експертите кои беа испратени во Италија се искусни здравствени работници кои учествуваа во борбата против епидемијата од свински груп, антракс и ебола во Африка.



Слични вести