Новиот тип коронавирус Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи во Иран

Во Иран, како една од најпогодените земји од епидемијата бројот на починатите се зголеми на 1.685, а бројот на случаите на зараза изнесува над 20 илјади лица

1382639
Новиот тип коронавирус Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи во Иран
iran corona
iran yolcu korona.jpg
KORONA-IRAN.jpg
iran koronavirus kovid.jpg
iran ambulans.jpg

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој се појави во декември минатата година во Кина и потоа со голема брзина се прошири низ целиот свет досега одзеде над 11 илјади животи, а се заразени околу 280 илјади лица.

Во Кина бројот на починатите од коронавирусот досега изнесува 3.261 лице.

Во Иран, како една од најпогодените земји од епидемијата бројот на починатите се зголеми на 1.685, а бројот на случаите на зараза изнесува над 20 илјади лица.

Иранскиот верски лидер Ајатолахот Али Хамнеи истакна дека неговата земја не ја прифатила понудата за помош на управата на Соединетите Американски Држави (САД) по прашањето на борбата против коронавирусот.

Хамнеи ја окарактеризира управата на САД како „најстрашен непријател на Иран“ и го рече следното „Американците колку пати досега ни предложија да побараме помош од нив и дека се спремни да му помогнат на Иран по прашањето на лековите и лекувањето. Тоа е интересна изјава. Првенствени вие најдете чаре за вашата сопствена мака. Ако имате во свои раце искористете го тоа за себе си.“

Во рамките на мерките за спречување на епидемијата на новиот тип коронавирус во Иран е спроведен здравствен скрининг над 32 милиони 792 лица и здравствените екипи во земјата воспоставија контакт со 36 милиони лица.

Во Ирак бројот на починатите од новиот тип коронавирус се зголеми на 20, а вкупниот број на заразени се искачи на 233 лица.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека бројот на човечките загуби во земјата поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) може да достигне до десетици илјади лица.

Бројот на утврдените случаи на зараза од коронавирусот во земјата се зголеми на 883 лица, додека вчера беше регистриран првиот смртен случај во Западен Ерусалим (Кудс).

Во Појасот Газа кој се наоѓа под блокада за прв пат е утврден случај на зараза од Ковид-19.

Џејми МакГолдрик, координаторот за Палестина на канцеларијата за координација на хуманитарни работи на Обединетите нации (ОЦХА), предупреди джво однос на тоа дека епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) би можела да има страотни последици во Појасот Газа кој се наоѓа под блокада.

Бројот на случаите на зараза заедно со уште 48 лица кај кои е утврден вирус во Саудиска Арабија се зголеми на вкупно 392 лица, а 16 заболени се излекувани.

Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) бројот на утврдените случаи на зараза се зголеми на 153, во Либан на 206, а во Кувајт на 176 лица.

Бројот на починатите од коронавирусот во Египет се зголеми на 10 лица.

Во Тунис со смртта на уште едно лице на стари години бројот на човечките загуби се зголеми на 3 лица, а на случаите на зараза на 75.

Во објавеното писмено соопштение од министерството за здравство на Мароко пак, се истакнува дека е утврден вирус уште кај 8 лица и дека бројот на случаите на зараза во земјата е зголемен на 104 лица, а животот го загубија 3 лица.

Сингапур, поради епидемијата на новиот тип коронавирус донесе одлука за затворање на своите граници.

Во Сингапур досега е утврден ковид-19 кај 432 лица, а поради епидемијата животот го загубија 2 лица.

Во Малезија кадешто бројот на случаите на заразена се зголеми на 1.306, а бројот на починатите на 10 лица. Началникот на генералштабот на Малезија Аффенди Буанг во дадената изјава истакна дека вкупно 7.500 припадници на армијата се распоредени во местата кадешто полицијата врши контроли на целата територија на земјата и го рече следното: „Нашите војници ќе им помогнат на полицајците за да обезбедат народот да се придржува кон одлуката за ограничување на дневните активности.

Во западноафриканската држава Гана е регистриран првиот смртен случај од коронавирусот. 

Фајез ал Сараџ, премиерот на Владата на национално единство на Либија која е легитимно призната од страна на Обединетите Нации, во рамките на превентивните мерки против новиот тип коронавирус прогласи забрана за излегување на улица од 18:00 до 06:00 часот.

Во Узбекистан, во рмаките на преземните мерки против коронавирусот 21 Март Празникот на пролетта Невруз за прв пат од 1991 година кога оваа централноазиска земја се стекна со својата независност досега не беше прославен со официјална церемонија и прослави, туку се славеше во домовите.



Слични вести