Италија, најмногу погодена земја од Ковид-19: Бројот на починатите се зголеми на 4.825 лица

Во Италија која е најмногу погодена земја од епидемијата на новиот тип коронавирус во светот, бројот на починатите за еден ден се зголеми за 793 лица и достигна до 4.825

1382573
Италија, најмногу погодена земја од Ковид-19: Бројот на починатите се зголеми на 4.825 лица
italya koronavirus.jpg
ITALYA KIRMIZI BOLGE (3).jpg
korona virus ispanya
korona virus ispanya
fransa koronavirus.jpg

Бројот на човечките загуби поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) којшто го зафати целиот свет ја надмина бројката од 13 илјади лица, а бројот на случаите на зараза од вирусот достигна до 280 илјади.

Во Италија која е најмногу погодена земја од епидемијата на новиот тип коронавирус во светот, бројот на починатите за еден ден се зголеми за 793 лица и достигна до 4.825.

Локалните власти во областите во кои народот не се придржува кон правилото за неизлегување на улица бараат од Владата да ги затвори сите места коишто би можеле да се затворат.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте информира дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата е донесена одлука за стопирање на сите активности за производство кои што не се стратешки и неопходни.

Во Шпанија во последните 24 часа од новиот тип коронавирус починаа уште 394 лица и вкупниот број на човечки загуби од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 1.720, додека случаите на зараза за еден ден со раст од 5 илјади достигнаа до 25 илјади лица. Во главниот град Мадрид поради недоволноста од амбулантни возила почнаа да носат заболени лица и со автобусите на локалната самоуправа, а некои хотели се преуредени во болници.

Бројот на починатите од коронавирусот во Франција со раст од уште 112 лица се зголеми на 562. Бројот на заболените од вирусот кои се наоѓаат на лекување во земјата се искачи на 1.525 лица.

Германија кадешто бројот на човечките загуби изнесува 93 лица, привлекува внимание како најдисциплинирана европска земја по прашањето на мерките коишто се применуваат против Ковид-19.

Во Белгија бројот на случаите на зараза од Ковид-19 со раст од 586 се зголеми на 3.401 лице.

Бројот на починатите од епидемијата се зголеми на 75 лица, а во болниците се наоѓаат на лекување 1.380 заразени.  Од нив 290 лица се наоѓаат на интензивна нега, а досега се излекува и и отпуштени од болница 340 лица.

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен истакна дека строгите мерки коишто ги преземаат националните влади во контекст на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) доведуваат до интензивни проблеми во сообраќајот и ги доведуваат во тешка состојба луѓето и транспортот на производи.

Велејќи дека одблизу ја следи оваа состојба, Лејен рече: „Голем број Европјани не можат да се вратат во своите домови. Се спречуваат камионите кои превезуваат производи, храна и лекови. На некои граници има подобрување, меѓутоа гужвата во сообраќајот продолжува. Го продолжуваме контактот со владите за решавање на проблемот.

Во Германија и Холандија со цел да им се даде морал на муслиманите кои се загрижени поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е дозволено во некои џамии да се чита езан (повик за намаз, молитва) преку звучници.

Во Велика Британија кадешто има 33 починати се повикани на должност 65 илјади поранешни здравствени работници.

Министерството за здравство на Австрија соопшти дека бројот на случаите на зараза се зголемени на 3.062, а на починатите на 9 лица. Во покраината Ворарлберг се ставени под карантин две околи..

Министерството за здравство на Полска соопшти дека бројот на случаите на зараза достигна до 547 лица.

Во Чешка пак, со 124 нови случаи бројот на заразените лица се зголеми на 1.047.

Владата во Романија соопшти дека денеска е регистриран првиот смртен случај од коронавирус во земјата. Досега во Романија кадешто на 16 март е прогласена вонредна состојба досега се утврдени 367 случаи на зараза.

Во Босна и Херцеговина е регистриран првиот смртен случај од новиот тип коронавирус. Во Босна и Херцеговина бројот на случаите на зараза се зголеми на 94, додека во Република Српска е воведен полициски час (забрана за излегување на улица) од 20:00 до 05:00 часот.

Во Косово за првт пат едно лице почина од Ковид-19. Во Думница кај градот Подујевово во североисточниот дел на земјата утрово го загуби животот едно 82 годишно лице кај кого беше поставена дијагноза на нов тип коронавирус. 

Бројот на смртните случаи во Србија се зголеми на 2 лица, а на случаите на зараза достигна до 188.

Во Хрватска случаите на зараза се зголемија на 253.

Албанија соопшти дека почнувајќи од оваа вечер на полноќ ќе ги суспендира авионските летови со Германија, Австрија, Швајцарија и Унгари, додека бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 89.

Во Северна Македонија почнувајќи од вечерва помеѓу 21:00 и 06:00 часот по локално време се воведува полициски час. Бројот на случаите на заразени лица во земјата се зголеми на 85.

Во Бугарија пак, во последните 24 часа се утврдени уште 29 нови случаи и вкупниот број на случаите на зараза достигна до 171 лице.

Во меѓувреме, бројот на заразените од вирусот во Словенија се зголеми на 383 лица, во Словачка на 178, а во Унгарија на 131 лице.

Во Кипарско-грчкиот дел е регистриран првиот смртен случај од новиот тип коронавирус (Ковид-19). Надлежни соопштија дека дека вчера е утврден вирус кај уште 9 лица и дека вкупниот број на случаи на заразени достигна до 84.

Коронавирусот Ковид-19 којшто продолжува да се шири со голема брзина и во Соединетите Американски Држави (САД) досега одзеде 260 лица, а бројот на случаите на заразени достигна до 19.624.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс откако кај еден вработен во неговата канцеларија беше утврден Ковид-19 направи тест од вирусот и неговиот тест беше негативен. 

Во Австралија кадешто животот го загубија 7 лица и се регистрирани 1098 случаи на зараза, премиерот Скот Морисон со цел спречување на ширењето на Ковид-19 побара да се откажат патувањата внатре во земјата кои не се задолжителни.

Во Бразил кадешто е регистриран првиот случај на зараза меѓу латиноамериканските држави, бројот на починатите се зголеми на 18 лица, а на случаите на зараза на 1.025. Во сојзуната држава Сао Паоло која што е најмногу погодена и најбогата сојузна држава во Бразил, е прогласен карантин.

Во Боливија кадешто е утврден вирус кај 19 лица исто така е прогласен карантин, а со цел спречување на ширењето на коронавирусот. ривремената претседателка Жанин Анез соопшти дека почнувајќи од денеска ќе се применува карантин во текот на 14 дена, дека фирмите кои ги обезбедуваат основните потреби на народот ќе бидат отворени до пладне и дека од секој дом ќе може да излегува надвор само по едно лице за купување.

Врховниот изборен совет на Боливија донесе одлука за одложување на општите избори коишто беа планирани да се одржат на 3 мај.

Во Чиле пак, е регистриран првиот случај на смрт од Ковид-19, додека во земјата која брои 18 милиони жители досега се утврдени 537 случаи на зараза.

Во Колумбија почина едно лице, а бројот на заразените изнесува 210. 

Од друга страна, во Аргентина од новиот тип коронавирус (Ковид-19) почина уште едно лице и бројот на смртните случаи се зголеми на 4 лица, а на случаите на зараза на 158, во Уругвај има 110 заразени, во Парагвај еден починат и 18 заразени, Пери 5 мртви и 318 заразени, Еквадор 7 починати и 506 заразени, во Венецуела 42 случаи на заразени.

Генералниот директор на програмата за управување со итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан истакна дека вакцината ќе биде откриена во рок од најмалку една година. Рајан предупреди дека вирусот им нанесува сериозна штета и на лицата од средна годишна возраст.



Слични вести