Ковид-19: Од источните земји по Кина најмногу е погоден Иран каде бројот на починатите расте

Во Иран во последните 24 часа починаа уште 123 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 1.556, а на случаите на зараза изнесува приближно 20 илјади лица

1382295
Ковид-19: Од источните земји по Кина најмногу е погоден Иран каде бројот на починатите расте
iran koronavirus kovid.jpg
iran ambulans.jpg
iran koronavirus.jpg
iran.JPG

Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која се појави во декември минатата година во Кина и потоа со голема брзина се прошири низ целиот свет досега одзеде над 11 илјади животи, а се заразени повеќе од 277 илјади лица. 91.994 лица пак, се излекувани.

Бројот на починатите во Кина, изворната земја на коронавирусот, со смртта на уште 7 лица се зголеми на 3.255. Соопштено е дека по трет пат не е регистриран случај на зараза „којшто потекнува од земјата“. Како што се истакнува, бројот на утврдените случаи на заразени кај дојдени од странство кои се нарекуваат „увозни случаи“ се зголеми на 269 лица.

Во Иран во последните 24 часа починаа уште 123 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 1.556, а на случаите на зараза изнесува приближно 20 илјади лица.

Откако болниците беа недоволни во епидемијата на коронавирусот саемските простори и спортските сали се преуредуваат во привремени болници.

Иранскиот претседател Хасан Рухани истакна дека доколку работите се одвиваат според планираното активностите на образовните институции кои се затворени поради епидемијата на новиот тип коронавирус, образованието ќе може да започне на 4 април.

Велејќи дека во моментов се има за цел да се намали бројот на заразените од епидемијата на Ковид-19 и на случаите на смрт во земјата, Рухани рече: „Имаме за цел да ги намалиме гужвите во болниците. За заболените чија состојба не е сериозна најдобро место за лекување не се болниците, туку нивните домови.“

Хасан Рухани додаде дека времето на образованието би можело да биде продолжено за 3 недели и дека одлуката по ова прашање ќе биде донесена идната недела.

Иранскиот заменик министер за здравство Али Риза Реиси соопшти дека во рамките на борбата против коронавирусот досега е извршен здравствен скрининг на 28 милиони лица и дека доколку се почитуваат правилата епидемијата би можела да заврши во јуни.

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џевад Зариф покажа реакција на тоа што Соединетите Американски Држави (САД) ги одбија повиците на неговата земја за укинување на санкциите во период кога се води борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Зариф рече: „Управата на САД се радува и е горда од смртта на граѓаните на Иран. Од Иран до САД: Вашата политика ќе се споменува со лоша слава, меѓутоа Иран нема да се сруши.“

Бројот на починатите од коорнавирусот во Јужна Кореја со смртта и на уште 6 лица се зголеми на 100.

Во Хонгконг бројот на починатите се зголеми на 4, на случаите на зараза на 273 лица, а испитите за запишување на универзитет се одложени за 24 април.

Во Русија се утврден вирус кај уште 54 лица и вкупниот број на случаите на зараза се зголеми на 253, а едно лице го загуби животот. Руското министерство за надворшени работи стапи во акција за да ги донесе во земјата своите граѓани кои се наоѓаат во странство.

Бројот на почнатите во Украина се зголеми на 3 лица, а на случаите на заразени на 41 лице.

Бројот на заразените во Ерменија се зголеми на 160, а во Грузија на 47 лица. Во Грузија е прогласена вонредна состојба до 21 април. Во рамките на вонредната состојба нема да се донесе забрана за излегување на улица и нема да се прогласи карантин.

Во Азербејџан, со цел спречување на ширењето на епиедмијата некои вработени во државните институции од 29 март ќе бидат испратени на едномесечен одмор.

Бројот на случаите на зараза во Узбекистан се зголеми на 37 лица, а од денеска се затворени местата за забава, ноќните клубови, кафетериите, салоните за билијард и за компјутерски игри, а се откажани и свадбите.

На состанокот на Советот за национална безбедност на Узбекистан со кој претседаваше претседателот Соронбај Џенбеков е донесена одлука со препорака за прогласување на вонредна состојба во земјата.

Бројот на заразените во Киргизистан кадешто исто така поради епидемијата се одложени за неодредено време локалните избори коишто требаше да се одржат на 12 април, достигна до 12 лица.

Во Израел со смртта на едно 88 годишно лице е утврден првиот смртен случај од новиот тип коорнавирус (Ковид-19) во земјата.

Во објавеното писмено соопштение од израелското министерство за здравство се истакнува дека во Израел е регистриран Ковид-19 уште кај 178 лица и дека вкупниот број на случаите на заразени се зголеми на 883 лица. Како што се истакнува здравствената состојба на 15 од заболените е тешка, а 36 заболени се излекувани.

Појасот Газа кој се наоѓа под блокада упати повик до организациите за човекови права во светот за итна медицинска помош за борба против коронавирусот. 1.198 лица кои од странство влегоа во Газа се држат под карантин во 18 оделни центри.

Бројот на случаите на зараза од новиот тип коронавирус во Либан се зголеми н а187 лица, во Кувајт на 176, а во Палестина и Оман на по 52 лица.

Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) животот го загубија 2 лица.

Во Јордан кадешто бројот на заразените изнесува 69 во рамките на мерките против коронавирусот е прогласена забрана за излегување на улица.

Тунискиот претседател Кајс Саид соопшти дека во рамките на мерките за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се прмеине кон применување на карантин. Во земјата има 60 случаи на зараза од вирусот.

Во централноафриканската држава Габон е утврден првиот смртен случај од коронавирусот, е прогласен одмор за училиштата и е донесена забрана за одржување на големи манифестации и рпослави, како и за собирање на исто место на повеќе од 300 лица во јавни простории.

Во супсахарската држава Того бројот на случаите на зараза од Ковид-19 се зголеми на 9.

Во Буркина Фасо пак, е соопштено дека се добиени позитивни тестови на Ковид-19 кај министерот за регионална и специјална управа Симеон Савадого и министерот за образование Станислас Оуаро. Во земјата почина едно лице, а се заразени 40 лица.

На континентот Африка се утврдени приближно 900 случаи на зараза од кои повеќето во Египет, Јужноафриканската Република и Мароко, а починаа 23 лица.

Во Нигер, Кабо Верде и Папуа Нова Гвинеја се утврдени првите случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во Папуа Нова Гвинеја почнувајќи од утре во текот на една недела нема да се дозволи влезот во земјата за странските државјани.

Во Сингапур кадешто починаа 2 лица од вирусот се заразени 385 лица.

Пакистанската меѓународна авиокомпанија (PIA) соопшти дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) меѓународните летови се сопрениво времетраење од една недела.

Во Пакистан е утврден вирус Ковид-19 кај 501 лице, а животот го загубија 4 лица.

Бројот на починатите во Индонезија се зголеми на 38, а бројот на случаите на заразени се зголеми на 450 лица.

Во Сенегал пак, бројот на случаите на зараза е зголемен на 47 лица и меѓународните летови се одложени до 17 април.



Слични вести