Во терористички напад во Мали загинаа 29 војници

Вчера од страна на терористите беше реализиран напад врз еден воен пункт на армијата во градот Таркинт во областа Гао во северниот дел на западноафриканската држава Мали во кој загинаа загинаа 29 војници, а 5 мина војници се ранети

1382025
Во терористички напад во Мали загинаа 29 војници

Во реализиран терористички напад врз армискиот штаб во северниот дел на Мали загинаа 29 војници.

Во објавата споделена на профилот на армијата на Мали на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека вчера од страна на терористите беше реализиран напад врз еден воен пункт на армијата во градот Таркинт во областа Гао.

Во нападот загинаа 29 војници, а 5 мина се ранети.

Инаку, северните и централните делови на западноафриканската држава Мали од 2012 година наваму станува сцена на сепаратистички судири и терористички напади.



Слични вести