Во напад во Авганистан загинаа повеќе од 20 припадници на безбедносните сили

6 мина талибански милитанти кои продреле меѓу безбедносните сили во провинцијата Забул реализирале вооружен напад врз полициската станица во провинцијата и во нападот загинале голем број припадници на безбедносните сили

1382009
Во напад во Авганистан загинаа повеќе од 20 припадници на безбедносните сили

Во реализиран вооружен напад од страна на милитантите на Талибан кои продреле меѓу безбедносните сили во провинцијата Забул во Авганистан, загинаа повеќе од 20 припадници на безбедносните сили.

Портпаролот на губернијата на Забул Ѓул Ислам Сијал соопшти дека 6 мина талибански милитанти кои продреле меѓу безбедносните сили реализирале вооружен напад врз полициската станица во провинцијата.

Сијал истакна дека во нападот безбедносните сили претрпеле тешки загуби и дека точната бројка за загинатите засега не е позната.

Претседателот на градскиот совет на Забул Ата Џан Хакбајан пак, истакна дека во вооружениот напад загинаа повеќе од 20 припадници на безбедносните сили.

Хакбајан нагласи дека напаѓачите го зеле оружјето во полициската станица и избегале од местото на нападот.

Од страна на Талибан не е објавено соопштение по ова прашање.

Во близина на полициската станица во областа Шејх Џелал во населеното место Нахрејин во провинцијата Баглан беше поставена бомба која беше експлодирана во моментот на поминување на безбедносните сили од областа и притоа загинаа двајца безбедносни сили, а 8 мина се ранети.

Како што се наведува бомбата била поставена од страна на членовите на Талибан.

Одговорноста за нападот засега не ја презеде никој.



Слични вести