Ковид-19 продолжува да одзема животи во источните земји: Најмногу починати има во Иран

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Иран се зголеми на 1.433 лица, а бројот на случаите на зараза од вирусот во земјата изнесува над 19 илјади, меѓутоа овие бројки постојано продолжуваат да растат

1381722
Ковид-19 продолжува да одзема животи во источните земји: Најмногу починати има во Иран

Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид19) којашто се појави во декември минатата година во Кина, а потоа со голема брзина се прошири и го зафати целиот свет, продолжува да одзема животи во голем број земји.

Бројот на починатите од вирусот во Кина со смртта на уште 3 лица се зголеми на 3.248, а вкупниот број на случаи на зараза изнесува 80.967. Во Кина по втор пат не е утврден случај на зараза „кој што потекнува внатре од земјата“. Како што се истакнува, сите 39 новозаразени коишто се регистрирани вчера се утврдени кај лица кои дошле од странство.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Иран, според последните добиени информации се зголеми на 1.433 лица, а бројот на случаите на зараза од вирусот изнесува 19.000 лица и овие бројки постојано продолжуваат да растат.

Пет мина поранешни министри за здравство упатија повик до иранскиот претседател Хасан Рухани под итно да бидат преземени мерки. Веднаш потоа, претседателот Рухани издаде дирактива за затворање на работните места и продавниците во земјата со исклучок на аптеките и супермаркетите.

Иранскиот министер за здравство Саид Немеки ги демантираше тврдењата во однос на тоа дека се „кријат информациите. Тој рече: „Не постои ниту еден случај којшто е позитивен, а кој не му е соопштен на народот.“

Група пратеници во Иран упатија повик до иранскиот претседател Хасан Рухани да донесе одлука за применување на карантин на територијата на земјата за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во Јапонија животот го загубија 40 лица, а бројот на заразените се зголеми на 1.675. 

Во Јужна Кореја починаа 94 лица, а се заразени 8.652.

Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимитсу Мотеги, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и јужнокорејскиот министер за надворешни работи Канг Кјунг-ва одржаа состанок преку видеоконференција и постигнаа согласност за споделување на информации по прашањето на развивање на лек и вакцина, обезбедување на основа за лесна трговија во медицинските материјали и соработка во итни состојби во борбата против епидемијата на коронавирусот. 

Бројот на починатите во Ирак од вирусот, со смртта на уште 2 лица во градовите Басра и Зикар на југот на оваа земја, се зголеми на 14 лица.

Министерот за здравство на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Али Пилли истакна дека со утврдување на коронавирус кај уште 12 германски туристи и еден граѓанин на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) бројот на случаите на заразени во земјата се зголеми на 33.

Во Тунис е регистриран првиот смртен случај од вирусот, а бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 39.

Во Азербејџан кадешто животот го загуби едно лице, бројот на заразените се зголеми на 33, а 10 заболени се излекувани.

Бројот на случаите на зараза во Русија наеднаш се зголеми за 52 и достигна до 199 лица.

Од друга страна, руски функционери соопштија дека се започнати тестовите на вакцината којашто е развиена против коронавирусот. Како што се истакнува, доколку се добијат позитивни резултати од започнатите тестови на 16 март, вакцината ќе може да се изнесе на пазарот во последната четвртина од 2020 година.

Портпаролот на министерството за здравство на Казахстан Диас Ахметшарип соопшти дека во главниот град Нур-Султан е утврден вирус кај уште 7 лица и дека бројот на заразени изнесува 44.

Ерменскиот министер за здравство Арсен Торосјан истакна дека кај уште 7 лица е утврдена зараза и дека 122 лица се наоѓаат под надзор.

Израелското министерство за здравство соопшти дека бројот на утврдените случаи на зарза со новиот тип коронавирус во земјата се зголеми на 705 лица, меѓу кои се наоѓаат и 10 војници.

Израел соопшти дека за водење борба против епидемијата нема да се клања намаз во џамиите во земјата.

Израелската полиција во рамките на борбата против новиот типт коронавирус ги спречи Палестинците кои сакаа да клањаат џума намаз во Месџид-и Акса.

Палестинската управа соопшти дека поради утврден нов тип коронавирус (Ковид-19) кај еден Палестинец е затворена за влегување и излегување месноста Каравет Бени Хасан во северниот дел на Западниот Брег.

Палестинските групи на отпорот пак, побараа да се изврши притисок врз властите во Тел Авив за заштита на палестинските затвореници од коронавирусот, кои се наоѓаат во израелските затвори.

Во Газа кадешто поради коронавирусот се затворени училиштата се продолжува со настава со емисии во живо коишто се емитуваат преку радио и социјалните медиуми.

Саудиска Арабија поради коронавирусот донесе забрана за клањање намаз во џамиите Харем-и Шериф во Мека и во Месџид-и Небеви во Медина. Како последно е соопштено дека бројот на лицата кај кои е утврден вирусот се зголеми на 274.

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз истакна дека неговата земја поради епидемијата поминува низ тежок период и дека во глобални рамки пак наредниот период ќе биде уште потежок.

Во Мароко кадешто животот го загубија 3 лица, бројот на случаите на зараза е зголемен на 66 лица и е прогласена вонредна состојба. Во рамките на донесените одлуки ќе бидат отворени само аптеките, банките и бензинските станици. Вработените пак, за да би можеле да одат на работа ќе можат да излезат на улица само со добиен добкумент од местото кадешто работат. 

Бројот на случаите на зараза во Узбекистан се зголеми на 23 лица, а во Молдавија се наоѓаат на лекување 36 заболени лица.

Во Алжир пак, од коронавирусот починаа 10 лица, а бројот на инфектираните се зголеми на 94.

Во западноафриканската држава Нигерија е регистриран првиот смртен случај од новиот тип коронавирус (Ковид) во земјата. Како што се истакнува, починатото лице бил 27 годишен американски граѓанин и дека имал позитивен тест и еден возач со кого контактирало ова лице и и дека инфектираниот бил ставен под карантин.

Досега на континентот Африка се утврдени вкупно 633 случаи на зараза од коронавирусот, а бројот на починатите изнесува 17 лица.

Во Шри Ланка пак, кадешто се инфицирани 59 лица е прогласена забрана за излегување на улица од два и пол дена.

На Филипините исто така е донесена привремена забрана за влегување на странците во земјата.



Слични вести