Италија ја надмина Кина во бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19)

Со смртта на уште 405 лица од кои 13 лекари бројот на починатите во Италија се зголеми на 3.405 лица со што оваа земја ја надмина и Кина, изворната земја на вирусот, по бројот на починатите

1381568
Италија ја надмина Кина во бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19)

Италија која е најмногу погодена земја во Европа од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) по бројот на починатите ја надмина и Кина. 

Со смртта на уште 405 лица од кои 13 лекари, бројот на починатите во земјата се зголеми на 4.035 лица. 

Бројот на случаите на зараза пак, од епидемијата Ковид-19 која се појави во Италија на 21 февруари изнесува 41.035 лица. Бројот на излечените се зголеми на 4.440 лица од кои едно новороденче.

Локалниот печат соопшти дека не можело да се стаса со работите за закопување и дека голем број мртви тела биле оставени да чекаат во црквите.

Шпанското министерство за здравство соопшти дека бројот на починатите од новиот тип коронавирус за еден ден забележа пораст од 30 отсто и се зголеми на 1.002 лица. Бројот на случаите на зараза во Шпанија изнесува 19.980 лица.

Во Франција бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) со смртта на уште 108 лица се зголеми на 372, а на заразените на 10.995 лица.

Во градот Ница, поради коронавирусот е донесена забрана за излегување на улица (полициски час) после 20:00 часот.

Од друга страна францускиот претседател Емануел Макрон покажа реакција против оние кои ја прекршуваат примената за ограничување на слободното движење без поголема потреба и со исклучок на исклучителни случаи. Макрон рече: „Гледам дека некои луѓе одат во паркови, на плажа или на пазар. Овие лица не ја разбрале нашата порака.“

Претседателот Макрон им се обрати на бирократите кои се состанаа во Министерството за внатрешни работи со дневен ред посвеетен на епидемијата на Ковид-19 и притоа го рече следното: „Сѐ уште сме на почетокот на кризата. Оваа трка е трка со вирусот којашто се води против времето. И ние треба да одговориме на тоа.“

Во меѓувреме, и Канскиот филмски фестивал е одложен за крајот на јуни.

Од друга страна, според вестите објавени во францускиот печат, тројца лекари поднесоа тужба против премиерот Едуард Филип и поранешниот министер за здравство Агнес Бузик кој минатиот месец поднесе оставка на должноста, а со образложение не ги презеле навремено потребните превентивни мерки. Здравствениот персонал во Франција покажува реакција и против недостатокот од заштитни маски.

Во Холандија во последните 24 часа од вирусот животот го загубија 18 лица. Во објавеното соопштение од страна на Националниот институт за народно здравје и животна средина се истакнува дека бројот на починатите во Франција се зголеми на 76, а случаите на зараза на 2.460 лица.

Европскиот парламент (ЕП) пак, на 26 март ќе одржи вонредна седница за одобрување на преземените специјални мерки во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19). Соопштено е дека нема да се одржи редовната седница на Европарламентот за којшто се планираше за 1 и 2 април. Исто така и во објавеното соопштение од Европската унија (ЕУ) е соопштено дека е одложен редовниот Лидерски самит на Унијата на кој требаше да се состанат лидерите на 27 земји членки на 26 и на 27 март.  

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека поради коронавирусот се откажани или одложени воените вежби на Алијансата.

Столтенберг во објавеното соопштение преку социјалните медиуми го истакна следното: „Доживуваме една невидена криза, и претходно пребродивме кризи, заедно ќе ја пребродиме и оваа криза.“

Кнежевството Монако соопшти дека принцот Алберт Втори е позитивен на тестот за новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој се прошири низ светот.

Во Велика Британија бројот на починатите се зголеми на 144 лица, а на случаите на зараза на 3.269. Британскиот премиер Борис Џонсон истакна дека доколку народот се придржува кон препораките ситуацијата со коронавирусот за 12 недели би можела да се сврти наопаку, т.е. да се подобри.

Во Австралија бројот на починатите се зголеми на 7, а на заболените од вирусот на 756 лица.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми на 154 лица, а на заразените од вирусот на 14.366. САД предупредувањето за глобално патување го покачија на четврти степен и ги повикаа своите граѓани да не патуваат во странство, а оние кои се наоѓаат во странство да се вратат во земјата. Во сојузната држава Калифорнија која е најмногу погодена од епидемијата е издадена наредба за „останување дома“ во целата сојузна држава.

Американскиот претсеадтел Доналд Трамп одлучи поради грижите од Ковид-19 Лидерскиот самит на Г-7 за којшто е планирано да се одржи од 10 до 12 јуни во сојузната држава Мериленд, да се одржи преку видеоконференција.

Во јужноамериканската држава Колумбија во рамките на борбата против новиот тип коронавирус се сопрени сите влезови од странство во земјата во времетраење од 30 дена, вклучувајќи ги и колумбиските граѓани кои се наоѓаат во странство.

Во Перу, животот го загуби едно 78 годишно лице, а во Аргентина кадешто бројот на починатите изнесува 3 лица е прогласен карантин.

На Хаитите за прв пат е утврден коронавирус кај две лица, по што е прогласена итна состојба во земјата, а ќе бидат затворени и сите аеродроми, пристаништа, училишта и фабрики во земјата.

Бројот на починатите во Германија од Ковид-19 се зголеми на 44 лица, а има 15.320 случаи на зараза.

Премиерот на германската покраина Баварија Маркус Содер соопшти дека на територијата на покраината ќе се применува делумна забрана за излегување на улица. Според Институтот Робер Коч пак, бројот на инфектираните во покраината Баварија изнесува 2.401 лице, а 12 лица го загубија животот. 

Во Швајцарија животот го загубија 43 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува 4.222.

Во Белгија од вирусот починаа 37 лица, а утврдените случаи на заразени со раст од 462 лица достигна до 2.257.

Бројот на случаите на зараза во Србија се зголеми на 118, а во Словенија на 319 лица. Во Словенија е донесена забрана за собирање на луѓето на исто место и се затворени сите места со исклучок на фирмите и институциите и установите како не би дошло до до застој во секојдневниот живот, а како што се продавниците кои продаваат прехранбени производи, аптеките, бензинските станици, банките, поштите, фирмите за чистење и автосервисите.

Министерот за здравство на Северна Македонија Венко Филипче, соопшти дека се потврдени 19 новозаболени на коронавирусот (Ковид-19) и дека бројката на дијагностицирани пациенти во земјата се зголеми на 67 лица.

„Состојбата со коронавирусот во земјата - 19 новозаболени на коронавирус - бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица“, соопшти министерот Филипче во објава на социјалните мрежи.

Бројот на случаите на зараза во Чешка се зголеми на 765, во Финска на околу 400, ПОлска на 378, Словачка 124, Хрватска 113, Бугарија 112, Унгарија 85, Босна и Херцеговина 69, Албанија 64, Косово на 21, Црна Гора на 13, Грција на 7, а во Полска на 6 лица.

Во Австрија бројот на заразените се зголеми на 2.264 лица, додека премиерот Себастијан Курц соопшти дека со цел намалување на пирењето на епидемијата ограничувањата за излегување на улица коишто беа ставени во примена на 16 март во понеделник да бидат продолжени до 13 април.

Соопштено е дека тестот на пратеникот на Централно десничарската Народна партија (ОВП) во австрискиот Парламент Јохан Сингер, бил позитивен на Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус во светот пак, досега изнесува над 10 илјади лица, а се заразени над 200 илјади лица.

Според пресметките, 90 отсто од заболените лица од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот се лечат, додека процентот на смртност (морталитет) изнесува 10 отсто.



Слични вести