Американскиот претседател Трамп за коронавирусот ја обвини Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ја обвини Кина во врска со што рече: „Кинескиот вирус можеше да се сопре во неговиот извор“

1381859
Американскиот претседател Трамп за коронавирусот ја обвини Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп на одржаната прес конференција на Работната група за борба против коронавирусот што се одржа во Белата куќа информираше за новите мерки коишто ги презема управата против епидемијата.

Притоа Трамп поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ја обвини Кина.

Велејќи дека неговата управа работи деноноќно за спречување на епидемијата, Трамп застана во одбрана на тоа дека кинеската управа тогаш кога епидемијата се појави за прв пат во Кина не ги презеде потребните мерки за нејзино спречување.

Тој рече: „Кинескиот вирус можеше да се сопре во неговиот извор. Доколку Кина уште на самиот почеток го информираше светот, оваа епидемија можеше да се сопре порано.“

Освен тоа, американскиот претседател Доналд Трамп го додаде и следното: „Пред сите упатив повик за донесување на забрана за лицата кои доаѓаат од Кина, меѓутоа медиумите веднаш ме прогласија за расист. Додека, тогаш можевме да го направиме тоа.“



Слични вести