Поради епидемијата на Ковид-19 одложен Лидерскиот самит на ЕУ кој беше закажан за 26 и 27 март

Во објавеното соопштение од Советот на Европската унија се истакнува дека е одложен редовниот Лидерски самит кој беше закажан за 26 и 27 март

1381499
Поради епидемијата на Ковид-19 одложен Лидерскиот самит на ЕУ кој беше закажан за 26 и 27 март

Лидерскиот самит на кој наредната недела во Брисел требаше да се состанат лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ), е одложен поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Во објавеното соопштение од Советот на Европската унија се истакнува дека е одложен редовниот Лидерски самит на ЕУ на кој требаше да се состанат на 26 и 27 март лидерите на 27 земји членки.

Во соопштението се вели дека лидерите наредната недела ќе одржат видеоконференција на која ќе биде разгледана борбата против Ковид-19. 

Инаку, лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) се состануваат 3 пати во годината на редовни самити на кои донесуваат значајни одлуки во однос на прашања коишто ја засегаат Унијата.



Слични вести