Бројот на починатите од фалсификуван алкохол во Иран од 6 март досега се зголеми на 180 лица

Со зголемување на бројот на човечките загуби во провинцијата Фарс бројот на вкупниот број починати од фалсификуван алкохол во Иран од 6 март досега достигна до 180 лица

1381190
Бројот на починатите од фалсификуван алкохол во Иран од 6 март досега се зголеми на 180 лица

Бројот на починатите од фалсификуван алкохол во Иран од 6 март досега се зголеми на 180 лица.

Претседателот на Центарот за итни состојби на провинцијата Фарс Мухамед Џевад Мурадијан изјави за Новинската агенција на иранските студенти (ИСНА) дека во провинцијата од 6 март досега поради труење од фалсификуван алкохол се обратиле во болниците 427 лица.

Велејќи дека од отруените до денеска животот го загубиле 65 лица, Мурадијан напомена дека во моментов 14 лица се на лекување во одделение за интензивна нега.

Мурадијан рече: „За жал до оваа состојба доведоа гласините во социјалните медиуми во однос на тоа дека алкохолот може да го стави под контрола коронавирусот.“

Од друга страна, се истакнува дека во реализираните операции од страна на единиците за разузнавање во провинцијата Фарс во последните неколку дена се запленети 50 илјади литри алкохол и дека е притворени голем број лица за кои е установено дека се производители и дистрибутери на алкохол.

Со зголемување на бројот на човечките загуби во провинцијата Фарс бројот на вкупниот број починати од фалсификуван алкохол во Иран од 6 март досега достигна до 180 лица.

Соопштено е дека од лицата кои се хоспитализирани во болниците во Иран досега има 51 починато лице во Хузистан, 19 лица во Ердебил, 15 во Елбурс, 12 во Мазандеран, 7 во исфахан, 6 во Курдистан, 4 лица во Хамедан и едно лице во Хурмузган.



Слични вести