На 22 април во Русија ќе се одржи референдум

Дали ги одобрувате уставните амандмани на Руската Федерација?

1380568
На 22 април во Русија ќе се одржи референдум

Рускиот претседател Владимир Путин донесе одлука референдумот со кој ќе му се отвори патот за повторна кандидатура на претседателските избори во 2024 година и ќе се извршат уставните амандмани со кои ќе се промени политичкиот систем на земјата, да се одржат на 22 април.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Државното претседателство на Русија од дворецот Кремљ, Путин ја ратификуваше одлуката со која референдумот ќе се одржи на 22 април.

Според тоа, на граѓаните кои ќе одат на гласање ќе им се постави прашањето: „Дали ги одобрувате уставните амандмани на Руската Федерација?“

Доколку над 50 отсто од гласачите на референдумот гласаат „За“, тогаш уставните амандмани ќе стапат на сила.

Претходно предлогот беше усвоен од страна долниот и горниот дом на рускиот парламент како и законодавните органи на федералните области.

Со новите уставни амандмани, досегашните два претседателски мандати на Путин се бришат и покрај уставната забрана за избор за претседател по трет пат, повторно ќе може да биде избран за претседател на државата. Благодарение на предлог уставните амандмани за кандидирање на изборите во 2024 година, Путин ќе може да биде претсдетаел до 2036 година.



Слични вести