Бројот на починатите од коронавирусот во Иран се зголеми на 1.135 лица

Коронавирусот продолжува да одзема животи во Иран кадешто бројот на починатите се зголеми на 1.135 лица и оваа бројка и понатаму е во тренд на раст

1380332
Бројот на починатите од коронавирусот во Иран се зголеми на 1.135 лица

Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) од која што од декември минатата година кога се појави досега се заразени приближни 183 илјади лица, а починаа над 7 илјади лица, продолжува да одзема животи во Иран кадешто бројот на починатите се зголеми на 1.135 и оваа бројка и понатаму е во тренд на раст.

Потпретседателот на Иран одговорен за наука и технологија Сорена Сетари соопшти дека од наредната недела ќе се започне со производство на уред за дијагноза на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Донесена е забрана за летовите за островот Киш во Персискиот залив, којшто инаку е познат туристички центар.

Во меѓувреме, една 103 годишна жена во градот Симнан во Иран е регистрирана како второ најстаро лице кое успеа да го победи коронавирусот и да се излекува. 

Пристигнуваат информации дека од почетокот на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во кинескиот град Вухан, епицентарот на вирусот, за прв пат досега два дена по ред се утврдени по само еден нов случај на зараза.

Бројот на новите утврдени случаи на зараза во Кина пак, изнесува 13... 

Како што се истакнува во Кина кадешто бројот на починатите од вирусот се зголеми на 3.237 лица, вкупниот број на случаи на зараза изнесува 80.894 од кои пак досега се излечени 69.614 лица.

Руската вицепремиерка Татјана Голикова соопшти дека бројот на случаите на зараза од Ковид-19 во земјата се зголеми на 114 ллицаљ.

Исто така и руското министерство за надворшени работи претходно соопшти дека од денеска (18 март) до 1 мај за привремено е сопрен влезот на странските државјани, вклучувајќи ги и државјаните на Болорусија.

Соопштено е дека се затворени за посетители и музеите, театрите и концертните сали во склопот на министерството за култура.

Воедно и руското министерство за труд препорача за вработените во јавните институции и локалните управи да се премине кон онлајн систем на работа. 

Во Азербејџан по утврдените нови 6 случаи вкупниот број на заразени се зголеми на 34. Во земјата досега од вирусот животот го загуби едно лице. По порастот на случаите на зараза е соопштено дека за спречување на ширењето на вирусот за привремено се затворени џамиите во земјата.

Бројот на починатите од вируот во Украина се зголеми на 2 лица, а 14 лица се заразени. 

Украинските железници соопштија дека почнувајќи од утре железничките станици ќе бидат затворени за патниците.

Министерот за инфраструктура Владислав Криклиј на одржаната прес конференција соопшти дека од денеска се сопрени метро линиите во главниот град Киев и во градовите Днипро и Харков.

Парламентот на Молдавија пак, поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) донесена одлука за воведување вонредна состојба до 15 мај.

Во Израел бројот на случаите на зараза се зголеми на 337 лица, додека поради зараза од Ковид-19 се ставени под карантин и израелскиот министер за внатрешни работи Арјех Дери и министерот за земјоделство Тзачи Ханегби.

Во Саудиска Арабија кадешто се утврдени 133 случаи на зараза, во рамките на мерките против новиот тип коронавирус со исклучок на Каба и Месџид-и Небеви, нема да се клања намаз заедно со џемаат, како и џума намаз (петочна молитва) во џамиите.

Индонезиската влада соопшти дека поради епидемијата на Ковид-19 е суспендирано патувањето без виза за сите странски државјани. Досега во Индонезија од коронавирусот починаа 19 лица, а воедно министерството за здравство информира дека заедно со новите утврдени 55 случаи на зараза бројот на заразените лица во земјата се зголеми на 227.

Во индија кадешто од вирусот починаа 3 лица се утврдени 126 случаи на зараза.

Лекарите во главниот град на Нигерија, Абуџа, поради тоа што не им се исплаќаат платите само неколку часа по утврдениот трети случај на зараза во земјата донесоа одлука да заминат на штрајк на неодредено време.

Во Киргизистан е утврден првиот случај на зараза од коронавирус. Забрането е влегувањето и излегувањето во и од населеното место Сузак во областа Џелалабад кадешто е утврден првиот случај на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата.

Австралискиот премиер Скот Морисон соопшти дека во рамките на борбата којашто се води против коронавирусот се забранети патувањата во странство.

Тунискиот претседател Кајс Саид соопшти дека во целата земја од 18:00 со 06:00 часот ќе се применува забрана за излегување на улица (полициски час) и дека за применување на оваа забрана војската и безбедносните сили ќе патролираат.

Во Бангладеш за прв пат едно лице го загуби животот од новиот тип коронавирус (Ковид-19).



Слични вести