Ковид-19: Во Кина бројот на починатите се зголеми на 3.213, а во Иран на 853 лица

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 3.226, а во Иран на 853 лица

1379317
Ковид-19: Во Кина бројот на починатите се зголеми на 3.213, а во Иран на 853 лица

Бројот на заразените од новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој во декември минатата година се појави во градот Вухан во кинеската провинција Хубеј и за кусо време се прошири во повеќе од 150 земји во светот, изнесува над 182 илјади лица, а повеќе од 7 илјади лица го загубија животот.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изворната земја Кина, се зголеми на 3.226 лица, а во последните 24 часа се утврдени 21 нов случај на зараза со вирусот.

Сите патници кои се дојдени од странство во Хонгконг во рамките на превентивните мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19), ќе бидат ставени во карантин во текот на 14 дена.

Во Иран бројот на смртните случаи се искачи на 853, а бројот на случаите на зараза од вирусот достигна до 15 илјади лица.

Во Русија бројот на утврдените случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа се зголеми за уште 30 и достигна до 93 лица. 

Русија соопшти дека до 1 мај ќе бидат затворени границите за странските граѓани.

Во Казахстан заедно со 14 нови утврдени случаи на зараза, бројот на заразените лица се зголеми на 23.

Киргизистан пак, кадешто засега не е утврден случај на Ковид-19, соопшти дека во рамките на превентивните мерки е забранет влезот на странските државјани во земјата.

Израелското министерство за здравство соопшти дека бројот на лицата кај кои е утврден Ковид-19 се зголеми на 298, меѓу кои се наоѓаат и 19 здравствени работници и 5 мина војници.

Во Либан кој ја доживува најголемата економска криза во последните 30 години, бројот на случаите на зараза се зголеми на 120.

Бројот на утврдените случаи на зараза од новиот тип коронавирус во Јордан се зголеми на 33 лица.

Во Тунис кадешто бројот на случаите на зараза е згоемен на 24 се затворени граничните премини од копно и море, со исклучот на оние со трговска намена и за евакуација, воедно е забрането собирање на луѓето на места како што се пазарите во маалата и места за прослави, а се одложени и сите манифестации, прослави и спортски активности. 

Во Катар кадешто се утврдени 439 случаи со коронавирус е донесена одлука за затворање на џамиите и за неклањање на намазите заедно.

Во Пакистан пак, е регистриран првиот смртен случај од коронавирусот.

Во западноафриканските држави Либерија и Бенин се утврдени првите случаи на коронавирус. 

На тој начин бројот на земјите на континентот Африка во кои е евидентиран Ковид-19 се зголеми на 30 лица. 

Досега на африканскиот континент од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Египет починаа 2 лица, 4 лица во Алжир и по едно лице во Мароко и Судан.

Во Алжир, поради коронавирусот се затворени џамиите во земјата.



Слични вести