Заеднички повик од САД, Велика Британија, Франција и Германија по повод 9 годишнината од граѓанската војна во Сирија

Четири земји објавија заедничко соопштение во кое се упатува повик до Асадовиот режим поддржан од Русија и Иран, да не извршува воздушни напади, напади со барел бомби и хемиско оружје чија цел е цивилното население

1378612
Заеднички повик од САД, Велика Британија, Франција и Германија по повод 9 годишнината од граѓанската војна во Сирија

Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија, Франција и Германија објавија заедничко соопштение со повик за Сирија, на 9 годишнината од граѓанската војна во оваа земја.

Во соопштението на овие наведени 4 земји се истакнува дека народот во Сирија пред 9 години излезе на улиците за легитимни барања но дека Асадовиот режим на овие барања одговори со насилство, самоволни апсења и измачувања и дека за време на оваа криза животот го загубија 500 илјади луѓе и 11 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Во соопштението се упатува повик до режимот да не извршува воздушни напади, напади со барел бомби и хемиско оружје чија цел е цивилното население и се вели следното: „Борбата против тероризмот никако не може да го легитимизира прекршувањето на меѓународното право за човекови права и продолжувањето на судирите. Непромислените напади на Асадовиот режим, Русија и Иран врз Идлиб стануваат причина за разрушување на медицинската и човечката инфраструктура и за смртта на цивилите. Со тоа само се зголемуваат болките и се станува причина за една невидена човечка криза.“

Во соопштението се потсетува дека во нападите започнати од страна на Асадовиот режим со поддршка и на Русија и Иран врз Идлиб се принудени на иселување 1 милион лица, а воедно се нагласува дека треба да продолжи постигнатиот прекин на огнот по прашањето на Идлиб којшто како последно е постигнат помеѓу Турција и Русија на 5 март и дека тоа треба да се воспостави на териториите на целата земја. 

Во соопштението се укажува дека четирите земји ќе продолжат да доставуваат хуманитарна помош во Сирија и дека нема да достават било каква помош за повторната изградба на оваа земја без да биде започнат доверлив процес за изнаоѓање на политичко решение.

Во соопштението исто така се наведува дека ќе се вложуваат напори да се побара сметката за човечката криза во Сирија предизвикана од Асадовиот режим и се додава дека во тие рамки ќе се овозможи да бидат изнесени пред суд лицата кои се замешани во извршени злосторства против човештвото и во воени злосторства.



Слични вести