Во судир во Авганистан загинаа 11 припадници на безбедносните сили, а се убиени 15 членови на Талибан

Локалниот раководител на Шахрек Мухамед Кабири истакна дека во вооружен судир помеѓу членовите на Талибан и безбедносните сили загинаа 11 припадници на авганистанските безбедносни сили, а се убиени 15 членови на Талибан

1379151
Во судир во Авганистан загинаа 11 припадници на безбедносните сили, а се убиени 15 членови на Талибан

Во вооружен судир помеѓу членовите на Талибан и безбедносните сили во Авганистан загинаа 11 припадници на авганистанските безбедносни сили, а се убиени 15 членови на Талибан.

Локалниот раководител на Шахрек Мухамед Кабири истакна дека откако членови на Талибан реализирале напад врз полициската станица во областа Каманч во населеното место Шахрек во провинцијата Гор, дошло до вооружен судир.

Кабири рече дека во судирот загинале 11 припадници на авганистанските безбедносни сили, а 6 мина биле ранети.

Тој исто така додаде дека во судирот биле убиени и 15 членови на Талибан, а биле доведени во неупотреблива состојба 2 оклопни возила во полициската станица.



Слични вести