Во Кина бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 3.213, а во Иран на 724 лица

Во Кина бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 3.213 лица, на случаите на зараза на 80.960, а во Иран досега животот го загубија 853 лица и приближно 12 илјади лица се заразени

1378963
Во Кина бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 3.213, а во Иран на 724 лица
iran koronavirus

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 3.213 лица.

Во Иран пак, бројот на смртните случаи се зголеми за уште 129 искачи на 853 лица, а бројот на случаите на зараза изнесува над 12 илјади.

Иранскиот претседател Хасан Рухани истакна дека во рамките на борбата против коронавирусот не е ставен под карантин ниту еден град и дека не е донесено ограничување за трговските активности на еснафите во земјата.

Рухани во говорот што го одржа во главниот град Техеран, за олеснување на работата на здравствените работници побара од народот да не излегуваат без потреба од своите домови.

Според полуофицијалната новинска агенција на Иран „Тасним“, во болницата во која се наоѓал на лекување од Ковид-19 и членот на Собранието на експерти Ајатолахот Хашим Батхаи Гулпејагани, починале 78 лица.

Во главниот град на Ирак, Багдад, поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) е прогласена забрана за излегување на улица.

Во Ирак животот го загубија 10 лица, а бројот на утврдените случаи на зараза од коронавирусот се зголеми на 124 лица.

Во Бахреин е регистриран првиот смртен случај од коронавирусот.

Саудиска Арабија, во рамките на превентивните мерки за заштита од коронавирусот донесе одлука за 16 дневен одмор за вработените во јавниот сектор.

Во објавеното писмено соопштение вчера од саудиското министерство за здравство беше истакнато дека со утврдување на вирус уште кај 15 лица бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 118 лица.

Бројот на утврдените случаи на зараза од новиот тип коронавирус во Кувајт се зголеми на 123, а во Јордан на 15 лица.

Во Израел, бројот на случаите на зараза достигна до 250 лица и како што се истакнува премиерот Бенјамин Нетанјаху и оние во неговата блиска околина биле тестирани за Ковид-19.

Во Русија е утврден вирус кај уште 4 лица и вкупниот број на заразени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 63 лица.

Штабот за Ковид-19 формиран во склопот на Советот на министри на Азербејџан, соопшти дека е утврден Ковид-19 кај уште 4 лица и дека бројот на случаите на зараза се зголеми на 16 лица.

Бројот на случаите во Молдавија се зголеми на 23, а во Грузија на 33 лица.

Во Казахстан од 16 март до 15 април е прогласена вонредна состојба и од денеска се суспендирани влезовите за странските граѓани во земјата, со исклучок на дипломатите и претставниците на меѓународните организации.

Узбечкиот премиер Абдулла Арипов информира дека од денеска ќе бидат затворени границите на земјата за влегување и излегување и дека ќе заминат на предвремен одмор (распуст) универзитетите, основните училишта и градинките.  

Во Ерменија кадешто досега е утврден вирус кај 30 лица, Владата поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) прогласи вонредна состојба во земјата до 16 април.

Либанскиот премиер Хасан Дијаб, поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) прогласи вонредна состојба во земјата.



Слични вести