Лидерите на ЕУ утре преку видеоконференција ќе разговараат за коронавирусот

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел соопшти дека утре ќе се одржи состанок со лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) преку видеоконференција на чиј дневен ред ќе биде Ковид-19

1379121
Лидерите на ЕУ утре преку видеоконференција ќе разговараат за коронавирусот

Лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) ќе одржат состанок преку видеоконференција во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер, соопшти дека утре ќе се одржи состанок со лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) преку видеоконференција на чиј дневен ред ќе се најде Ковид-19.

Мишел соопшти дека од клучно значење е спречувањето на ширењето на коронавирусот, обезбедувањето на доволна медицинска опрема, зајакнувањето на истражувањата и ограничувањето на економскиот пад.

 



Слични вести