Франција ја казни компанијата „Apple“ со 1,1 милијарда евра
„Apple“ искористувајќи ја својата дистрибутивна мрежа, постигна незаконски договори и ја злоупотреби „економската независност“ на независните дистрибутери

Франција го казни технолошкиот гигант „Apple“ со 1,1 милијарда евра парична казна поради прекршување на правилата за конкуренција.
Во соопштението кое беше објавено од страна на Францускиот орган за конкуренција беше истакнато дека компанијата „Apple“ искористувајќи ја својата дистрибутивна мрежа, постигна незаконски договори и ја злоупотреби „економската независност“ на независните дистрибутери.
Органот, на крајот на истрагата на технолошкиот гигант „Apple“ му изрече парична казна од 1,1 милијарда евра, додека на компаниите за трговја на големо „Tech Data“ 63 милиони евра и на „Ingram Micro“ 76 милиони евра.
Компанијата „Apple“ и двете компании за трговија на големо кои припаѓаат на компаниата, се согласија да не се натпреваруваат една со друга и да ги спречат диструбутивните компании и тие меѓусебно да не се натпреваруваат. На тој начин беше зајакната позицијата на производите на копманијата „Apple“ на пазарот на трговија на големо.
Слични вести

Лавров одговори на реакциите на западниот свет во врска со Навални
Реакциите на западниот свет се обид за прикривање на внатрешните кризи во овие земји