Ковид-19: Бројот на починатите во Кина се зголеми на 3.199, а во Иран на 724 лица

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 3.193, на случаите на зараза на 80.778 лица, а во Иран бројот на починатите се зголеми на 724, а на случаите на зараза на над 12 илјади лица

1378429
Ковид-19: Бројот на починатите во Кина се зголеми на 3.199, а во Иран на 724 лица
çin koronavirüs.jpg
çin yeni doğan coronavirus
iran koronavirus
iran koronavirus.jpg
İran Korona

Бројот на лицата кај кои е утврдена зараза на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот изнесува приближно 160 илјади, а досега животот го загубија приближно 6 илјади лица.

Во Кина, изворната земја од каде се појави и прошири коронавирусот низ светот бројот на починатите  макар и со намален интензитет се зголеми на 3.199 лица. Бројот на утврдените случаи на зараза се зголеми на 80.778 лица од кои здравствената состојба на 3.610 лица е сериозна. Од нив пак 10.734 лица се на лекување.

Надвор од кинтинентална Кина, бројот на починатите во Хонгконг изнесува 4 лица, а бројот на случаите на зараза е зголемен на 145.

Во Иран бројот на смртните случаи од коронавирусот со уште 113 лица се зголеми на 724, а бројката на заразени се зголеми на над 12 илјади лица.

Соопштено е дека од Ковид-19 е заболен и членот на Собранието на експерти Ајатолахот Хашим Батхаи Гулпејагани.

Досега пак, се излечени и отпуштени од болница 4.339 лица.

Излечена е и Масуме Ибтикар, потпретседателка задолжена за жени и семејни прашања која беше заразена од коронавирусот, која се вратила на својата должност.

Вториот круг од пратеничките избори за 11-от состав закажани за 17 април пак, во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19)  е одложен за 11 септември.

Во Мароко бројот на инфектираните се зголеми на 18 лица меѓу кои се наоѓа и министерот за опрема, транспорт, логистичка и водостопанство Абдулкадир Амара.

Владата на Хамас во Газа кадешто досега не е утврден котонавирус, во рамките на превентивните мерки одлучи да бидат затворени обострано граничните премини со Израел и Египет.

Беше одлучено да бидат затворени месџидите внатре во Харем-и Шериф и намазите (клањањето) да се клањаат во дворот на Акса.

Палестинскиот премиер Мухамед Иштије побара од Израел со цел да се спречи ширењето на коронавирусот да бидат пуштени на слобода сите палестински затвореници.

Бројот на случаите на зараза во Израел се зголеми на 193 лица и е донесена одлука за затворање на сите трговски места со исклучок на супермаркетите, аптеките и банките.

Во Ирак кадешто животот го загубија 10 лица, а 110 се заразени, е прогласена дводневна забрана за излегување на улица во градот Мосул. 

Во голем број ирачки градови на чело со главниот град Багдад е прогласен одмор во јавните установи од вторник до четврток.

Во градовите Киркук, Салахадин и Кербела почнувајќи од утре е прогласена тридневна забрана за излегување на улица и овие градови се затворени за влез.

Во Јордан е прогласен двонеделен распуст во сите образовни институции.

Премиерот на Владата на национално единство на Либија Фајез ал-Сараџ соопшти дека во рамките на борбата против Ковид-19 е прогласена вонредна состојба и мобилизација во земјата.

Сараџ истакна дека во текот на 3 недели ќе бидат затворени границите на земјата од копно и море.

Во Либан кадешто починаа 3 лица, а бројот на лицата заразени од вурсот изнесува 93, воедно е донесена одлука за суспендирање на клањањето намаз во џамиите со џемаат.

Во Русија бројот на лицата кај кои е утврден коронавирус се зголеми н а63 лица, во Азербејџан на 16, а во Молдавија на 12 лица.

Во Украина е утврден првиот смртен случај, а тројца се инфектирани поради што се суспендирани железничките линии со Полска.

Во Узбекистан кадешто е утврден првиот случај на зараза од коронавирусот почнувајќи од утре ќе бидат затворени влезовите и излезите за и од земјата, а ќе бидат сопрени и сите летови за и од земјата. Освен тоа, забранети се сите манифестации, вклучувајќи ги и прославите на Невруз, празникот на пролетаа, а почнувајќи од 16 март сите училишта ќе заминат на ран распуст.

Бројот на случаите на зараза во Казахстан се зголеми на 8 лица, над 1.400 лица се наошаат во болници, 545 лица во карантин, а од 16 март до 15 април е прогласена вонредна состојба во земјата. Од утре е забранет влезот на странските граѓани во земјата, со исклучок на дипломатите и претставниците на меѓународните организации.

Во Грузија пак, е излечено едно лице од 30-те заболени кои се наоѓаа на лекување од Ковид-19. Е воведено ограничување за влезовите и излезите со Русија.

Во главниот град на Филипините Манила пак, е донесена одлука да се применува забрана за излегување на улица ноќе.

Во главниот град на Индонезија, Џакарта, е прогласен двонеделен распуст за образованието, а се затворени во текот на 2 недели и туристичките места и местата за забава во градот.

Бројот на случаите на зараза во земјата се зголеми на 96 лица, а бројот на починатите од вирусот се зголеми на 5 лица.

Во африканските земји Рунда и Есватини се утврдени првите случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести